Забава
„Навистина знае да изнервира“: Меган Маркл има само 4 објави на новиот профил и веќе испровоцира стотици
Омразената Меган Маркл повторно се соочува со јавна осуда откога на „Инстаграм“ објави видео во кое ѝ помага на девојката што ги преживеа пожарите во Лос Анџелес, но нејзиниот гест многумина го сметаат за невкусен и промотивен.
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на 4 февруари објави видео во кое покажува куп промотивен материјал потпишан од Били Ајлиш.
„Само што ми кажаа дека пристигна нешто што долго го чекав“, рекла Меган пред камерата возбудено отворајќи го пакетот во кој имало маички и плоча Hit Me Hard and Soft потпишана од славната пејачка.
Открила дека пакетот бил наменет за 15-годишно девојче од Лос Анџелес, кое ги преживеало разорните пожари и во пламенот го изгубила омилениот дуксер од Били Ајлиш.
Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја посетија областа зафатена од пожарите, каде што се сретнаа со мајка и ќерка, чија куќа целосно им изгоре.
Девојката ѝ кажала на Меган дека се обидува од плакарот да си го најде омилениот дуксер, но сфатила дека го оставила во машината за перење пред да побегнат од дома. Кога се вратиле, останало само пепел и урнатини.
View this post on Instagram
„Се разбира, сега ја гледаат нивната куќа – и нивните машини за перење и за сушење – претворени во пепел. Ги нема“, рече Меган Маркл.
Трогната од приказната Меган решила да ѝ помогне на тинејџерката и ги замолила своите познати пријатели да ѝ помогнат да најде идентичен дуксер. Нејзиното барање стигнало до пејачот на „Марун 5“, Адам Левин, и неговата сопруга, кои ѝ испратиле пакет со предмети од Били Ајлиш.
„Огромна благодарност до Били Ајлиш. Ова ќе ѝ значи многу. Исто така, голема благодарност до Адам Левин и сопругата, помогнавте да се случи ова“, рекла Меган Маркл во видеото.
Таа додаде: „Благодарам на сите што помагаат на големи и мали начини во овие тешки времиња за Калифорнија“.
Наместо да добие пофалби, Меган Маркл предизвика бес на интернет. Многумина нејзиниот гест го нарекоа непримерен и непотребна самопромоција. Критичарите веруваат дека немало потреба војвотката од Сасекс да го објави овој чин на социјалните мрежи.
„Меган Маркл доби бесплатни производи од Били Ајлиш за тинејџер што го преживеа пожарот во Лос Анџелес – и всушност направи цело фалбаџиско видео на ‘Инстаграм’ за тоа. Најнесоодветната и најневкусна славна личност на планетата“, напиша еден корисник на платформата „Икс“.
„Нема апсолутно никаква причина за ова видео, освен самопромоција. Таа навистина не направи многу – тоа го направија другите, а таа мораше да си преземе заслуга и да објави сè јавно“, напишал друг корисник посочувајќи дека ниту Били Ајлиш ниту Адам Левин не објавил ништо на својата мрежи.
„Секако дека мора да го објави јавно за да придобие симпатии. Каква измама“, гласи уште еден од многуте коментари.
Стотици други корисници ја обвинија Меган дека прави сè само за внимание и дека се фали со врските со познатите личности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

