Забава
Најбогатите жени во Јужна Африка
Со изобилни природни ресурси, вклучувајќи разни минерали, како и огромни можности за инвестирање и, секако, талентирани луѓе, Јужноафриканската Република е една од најбогатите земји во Африка.
И покрај фактот дека на листата најбогати луѓе во Јужна Африка, како и на светската листа, доминираат мажи, некои жени собрале доволно богатство да го заслужат своето место меѓу мажите.
Ова се петте најбогати жени во Јужна Африка вклучувајќи краток опис на она што го работат и нивната нето-вредност.
Мамфела Алета Рамфеле е супержена: лекарка, успешна деловна жена, активистка и политичарка. Таа е коосновач на ReimagineSA и моментно работи како копретседател на Клубот на Рим. Таа е и управник на фондацијата „Нелсон Мандела“. Рамфеле беше првата Јужноафриканка што стана вицеканцелар, а работеше и како проректор на Универзитетот во Кејптаун помеѓу 1996 и 2000 година.
Нхланила Мјоли-Мнкубе е позната јужноафриканска деловна жена. Таа е извршен директор на „Мјоли дивелопмент компани“ и „Езико инвестментс“. Работи во неколку компании, кои котираат на берзата во Јоханесбург. Нејзината нето-вредност е проценета на околу 94 милиони рани, што ја прави една од најбогатите жени во Јужна Африка.
Џуди Дламини е деловна жена, авторка и актуелна проректорка на Универзитетот во Витвотерсренд.
Таа е основачки претседател на Групацијата Мбекани, а претходно беше претседател на управниот одбор на „Аспен фармкеар холдингс“. Таа е исто така една од најбогатите жени во Јужна Африка, со проценета нето-вредност од речиси 124 милиони ранди. Во 2020 година магазинот „Форбс“ ја стави на листата 50 најмоќни жени во Африка, а во 2022 година на листата 50 водечки жени на глобално ниво.
Шон Мхизе е успешна деловна жена и телевизиска личност. Шон Мхизе има проценета нето-вредност од речиси 300 милиони ранди, што ја прави една од најбогатите жени во Јужна Африка.
Голем дел од нејзиното богатство произлегува од инвестиции во рударството, градежништвото и индустриите за чистење преку нејзината групација „Зикулисе“. Мхизе е и сопственик и на „Ројал АМ ФЦ“.
Брижит Радебе е моментно најбогатата Јужноафриканка, таа е и сестра на најбогатиот Јужноафриканец Патрис Моцепе.
Брижит, која е актуелна претседателка на Јужноафриканската асоцијација за развој на рударството, беше една од првите јужноафрикански жени што поседуваа и управуваа со рудници во земјата, а во оовој бизнис е од 80-тите.
Таа е основач и извршен директор на Mmakau Mining Ltd, рударска компанија во сопственост на Африканци со интереси во злато, платина, ураниум и јаглен. Има добиено неколку престижни награди и признанија за својата работа како извонреден претприемач и лидер, вклучително и неколку статии во „Форбс“.
Нето-вредноста на Брижит Радебе е проценета на околу 1 милијарда ранди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

