Контакт

Бизарно

Нај(не)среќниот човек во светот е Хрват

Објавено пред

Фрањо Селак, професор по музика од Петриња, Хрватска, целиот свет го прогласи за најсреќен и најнесреќен човек во светот. Шестпати ја избегнувал смртта, а на лото добил околу 900 000 евра.

dobivaj vesti na viber

Како професор по музичко тој често ги менувал градовите во кои работел и поминал дел од својот живот во Модрича во БиХ. Училишниот излет во Оџак во 1957 година се претворил во кошмар за Фрањо и возачот Ахмет. За среќа, тие децата ги оставиле во Оџак, а тој и возачот на автобусот отишле во Модрича со намера да се напијат по една чашка. На една кривина, наместо десно, отишле право иако Ахмет го свртел воланот. Тие удриле во оградата на мостот и паднале во реката Босна. За среќа, реката не е длабока на тоа место, па затоа не се удавиле, раскажа Фрањo.

Следната година, Фрањо преживува уште една голема несреќа. Тој беше еден од патниците во возот Сараево-Дубровник. Во некогаш популарниот „Ќиро“ се возел со баба во купе кога огромна карпа паднала на шините и возот отскокнал од шините и паднал во студената Неретва.

WORLD'S LUCKIEST MANFrano Selak, retired music professor from Croatia was dubbed the world's luckiest man after…

Gepostet von Destiny Rules am Dienstag, 21. Juli 2015

„Никогаш не реков дека сум храбар. Попрво ќе кажам дека сум кукавица и ужасно се исплашив. Некако го скршив прозорецот и водата влезе во вагонот. Успеав да ја фатам бабата и  испливавме на површината. Ја држев бабата сè додека не почувствував нечии раце, кои нѐ повлекоа на сигурно“, вели тој.

Кога мајка му во 1962 година беше сериозно болна во Риека, тој одлучил да лета од Загреб до Риека со авион.  Седел во опашката на авионот, веднаш до вратата за излез во случај на опасност и до мала шведска маса од каде што стјуардите носеле освежување за патниците. Фрањо се загледал во една убава стјуардеса, го извадил ременот и станал да разговара со неа неколку минути. Потоа слушнал силен удар. По три дена, во шок-собата на Клиниката за трауматологија во Загреб тој дознал што се случило.
Лекарите му кажале дека авионот удрил во планината и дека загинале сите членови на екипажот и патниците – 20 лица. Преживеале само Фрањо и убавата Розика.

Подоцна, Фрањo уште двапати ја избегнувал смртта возејќи се во својата „лада“, која првиот пат се запалила за време на возење, а вториот пат се запалила и експлодирала.

А потоа во 2002 година Фрањо погоди седмица на лото и доби околу 942 000 евра.

Денес тој живее од пензија. Фрањо признава дека не го бидува за бизнис. Тој им позајмувал пари на сите, но вели дека не му ги вратиле. Им купил 25 автомобили на пријатели, кумови, роднини и познајници. На луѓето им купувал крави и мебел, инструменти за цели оркестри. Купил куќа за 120 000 евра и ја продал за 70 000 евра. Купил два апартмана во Чиово за 100 000 евра, а кога сфатил дека воопшто немаат прозорци, ги продал за 30 000…

Некои интернет-страници и медиуми ја проверуваа неверојатната приказна на Фрањо и сѐ уште има доза скепса дека навистина му се случиле сите овие несреќи. Без оглед на вистината, факт е дека Селак минатата година стигна на Риплиевата листа „Верувале или не“.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија13 часа

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија14 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија16 часа

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...

Македонија18 часа

Стојаноски за платите на функционерите: се намалуваат за над 10.000 денари, законското решение е согласно Устав

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата...

Македонија19 часа

Политичарите да се воздржат од коментирање на одлуката за притворот на Груби, апелира Здружението на јавните обвинители

Здружението на јавните обвинители апелира до сите политички партии и функционери да го почитуваат и да не го загрозуваат начелото...

Македонија19 часа

(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска

„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче...

Македонија19 часа

Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: Се загрозува независноста со економски притисок

Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на...

Македонија19 часа

Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје

В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија....

Македонија19 часа

Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло

Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор –...

Македонија19 часа

Утре без струја неколку скопски населби

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток 26.02.2026 година,...

Економија19 часа

Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми....

Македонија20 часа

Додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен, велат од „Вреди“

Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае...

Европа21 час

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет22 часа

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет22 часа

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет22 часа

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете научници, ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија....

Свет23 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет23 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија2 дена

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...