Забава
На Кејтлин Џенер ѝ е преку глава од Америка, се сели во Австралија
Кејтлин Џенер (70) е ангажирана во ново реално шоу и со оглед на тоа што со години учествуваше во шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, тоа не би требало да претставува голем проблем за неа.
Сепак, од снимањето на шоуто со тогашната сопруга Крис Џенер (64) и други членови на семејството многу работи се променија. Таа веќе не е Брус Џенер, таткото на Кендал и Кајли Џенер, туку го смени полот и стана Кејтлин. Поради тоа, дури и нејзиното семејство ја замрази.

Тие не ѝ забележале поради тоа што одлучила да го смени полот, туку затоа што не им кажала дека се подложила на некои интервенции. Големите обожаватели на ова реално шоу и сега сметаат дека таа не требала да го стори тоа, и се чини дека сето тоа на Кејтлин ѝ дошло преку глава.
Така таа се сели во Австралија за да учествува во шоуто „I’m A Celebrity… Get Me Out of Here“. Се зборува дека ќе добие значителна сума заради тоа, односно дека ѝ платиле околу 640 000 американски долари за да влезе во шоуто.

„Доста ѝ е од Америка. Таму ја осудуваат. Ако ѝ се понудеше да учествува во тоа шоу во Америка, таа немаше да се согласи“, рече нејзината пријателка Пем Бехан, која истовремено беше и дадилка на нејзините деца. Друга потенцијална причина поради која таа оди во шоуто е за да биде повеќе почитувана од семејството.
Кејтлин неодамна ѝ го честиташе роденденот на поранешната сопруга Крис, но таа целосно ја игнорираше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

