Забава
„Неверлед“ на Мајкл Џексон повторно на продажба
Имотот на починатиот американски пејач Мајкл Џексон, „Неверленд Ранч“ во Калифорнија повторно е на продажба по цена од 31 милион долари, што е многу помалку од претходните 100 милиони долари, колку што се продаваше пред четири години.
Michael Jackson’s Neverland Ranch Relisted for $31 Million Days Before Controversial HBO Documentary https://t.co/6tTwTvwjY6 pic.twitter.com/bZhVt9VcM8
— Architectural Digest (@ArchDigest) March 2, 2019
Имотот има околу илјада хектари во близина на Лос Оливос, се состои од главна зграда со шест спални соби и три куќи за гости, езеро со водопади, тениски терен, штала и други згради за сместување на животни.
Значајно пониската цена е делумно последица на сушата во тоа подрачје, на што влијаеја на пазарот на недвижнини, вели агентот Кајл Форсајт, кој го огласи имотот на продажба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мајката и ќерката измамија воздишки на црвениот тепих
Познатата манекенка Синди Крафорд и нејзината ќерка Каја Гербер се појавија заедно на галата LACMA Art+Film, престижен настан што се одржува во Лос Анџелес, кој традиционално ги собира сите најголеми светски ѕвезди.
Славните убавици блескаа во креации од модната куќа Гучи, а за нивната убавина може да се зборува со денови без престан.

Синди избра златен фустан покриен со светки и реси во златна боја. Спуштените прерамки ја нагласуваа женственоста, но и деколтето кое беше во преден план. Познатата манекенка сè надополни со црни салонки и препознатлива брановидна коса.
Каја Гербер, исто така, изненади. Мајката и ќерката буквално ги оставија сите без здив, и дури сега сите сфатија колку всушност си личат една на друга.

Каја избра огнено црвен фустан за овој настан што ја следи линијата на телото и има малку подлабоко деколте. Нејзината креација беше исто така целосно покриена со светки, а исто како и нејзината позната мајка, Каја се одлучи за црни салонки и брановидна коса.

Синди Крофорд е дел од златната генерација модели кои одамна го освоија светот, а Каја е очигледно нејзина достојна наследничка, чија убавина повторно ги остави сите без зборови.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Кира Најтли со години одела на терапија: едвај се извлекла од постпородилна депресија
Кира Најтли неодамна се појави во подкастот „Happy Mum Happy Baby“, каде што даде искрен и детален опис на своето искуство со постпородилната депресија. Таа призна дека имала хормонален дисбаланс поради кој морала да оди на терапија.
„Се сеќавам на целосен хормонален пад. Бев на врвот, моите хормони беснееја, а потоа се сруши. Мислам дека постпородилната депресија дојде после тоа“, се присети таа.

„Одев на терапија, од прилика една година, а можеби неколку години подоцна, за да научам како да се справам со тоа“, рече таа, додавајќи дека не спиела нормално три години.
„Бебето беше добро. Јас бев добро. Сè беше во ред, а сепак, и покрај тоа што сè беше сосема во ред, се случи ова големо нешто што ми го промени животот.“
Таа, исто така, размислуваше за својот физички изглед по породувањето, како и за прашањата што ги добиваше за тоа.
„Отсекогаш имав тело кое не бараше многу физичка активност, имав едно од оние слаби тела, знаете, се врати, но бев изненадена што не се врати веднаш.“
Прашањата на јавноста за нејзиниот изглед беа сè друго освен пријатни, вели актерката.
„Во тој момент, чувствував дека јавниот разговор за тоа беше ужасен“, вели таа. „’Можеш ли да носиш стари фармерки?’ постојано ме прашуваа. Чувствував како да нема разговор, дека никој не се грижи за тоа како сум, само: ‘Кога ќе носиш стари фармерки?’“
Кира Најтли и нејзиниот сопруг Џејмс Рајтон имаат две ќерки – Делајла (6) и Еди (10), а неодамна изјави за BBC Radio дека социјалните медиуми се забранети во нејзиниот дом.
Забава
Заборавете на долгите прошетки: Оваа едноставна вежба е многу поважна за вашето здравје
Заборавете на долгите прошетки и фитнес рутините – според овој доктор, вашето срце и шеќер во крвта ги ценат чучњевите повеќе од еден час одење.
Долго време се веруваше дека клучот за здравјето е скриен во вечерната прошетка, таа мирна рутина што го завршува денот и ја смирува совеста. Но, д-р Судир Кумар, индиски невролог, тврди дека на нашите тела им треба нешто сосема друго. Не километри, туку минути; не маратонска дисциплина, туку постојани мали нешта.
Според него, продолженото седење останува еден од најголемите непријатели на современиот човек, а повремената прошетка, без разлика колку е пријатна, не може да ги избрише ефектите од часовите неактивност.
Наместо една долга прошетка, д-р Кумар предлага кратки, чести движења – на пример, десет чучњеви на секои 45 минути. Навидум едноставен совет, но доволно моќен за да ја активира циркулацијата, да го зголеми срцевиот ритам и да му помогне на вашето тело да ги стабилизира нивоата на гликоза во крвта.
Пораката е јасна: здравјето не се одржува само во теретана, туку и во моментите помеѓу нив – додека чекаме водата да зоврие, додека пишуваме на тастатурата, додека стоиме покрај прозорецот барајќи мисла. Движењето не мора да биде долга прошетка во паркот; доволни се неколку минути внимателност на нашето сопствено тело.
Во свет кој нè учи дека сè мора да биде големо, д-р Судир Кумар нè потсетува на едноставна вистина: понекогаш малите, незабележливи навики се тие што тивко го спасуваат нашето здравје.
фото: принтскрин

