Забава
Недобитен инстант-лоз ЕКО СКУТЕР в сабота некому ќе му донесе BMW X1
Државна лотарија со задоволство Ви го најавува првото извлекување на BMW X1 кое ќе се случи во сабота, на 8 јануари 2022 година, ден по Божиќ.
Во второто коло на Лото 7 во 2022, по електронски пат, ќе го дознаеме името на првиот добитник на BMW X1 кој претходно регистрирал недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР преку веб-страната www.loto.mk.
Во игра за ова извлекување се сите недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР регистрирани од 1-во до 10-то коло.

Во бонус играта „ГРЕБИ ЗА ЕКОСКУТЕР, ВОЗИ БМВ Х1“ влегуваат во игра две возила и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година.
Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови ЕКО СКУТЕР. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари (5+1), при што добивате и повеќе шанси да освоите, или подарите, една од 365-те премии – електричен тротинет.
Не треба да се заборави дека инстант лозот ЕКО СКУТЕР е и најхуман, бидејќи од неговата продажба, покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општестеноодговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст, посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со КОВИД-19.
Среќните приказни во Државна лотарија се секојдневие. Со нив се потврдува дека игрите на среќа на Државна лотарија може да го променат или барем да го разубават животот, да внесат радост, забава, среќа и финансиска благодат. Затоа сме постојано инспирирани за нови предизвици и изненадувања.
Посебно сме среќни што нашата веб-страна ‒ www.loto.mk е сè почеста адреса за забава, уплата на лото и џокер броеви, а од месец октомври е и адреса на две бонус игри. Влезницата за учество во едната игра е токму недобитен инстант лоз ЕКО СКУТЕР ‒ најзабавниот, најхуманиот инстант лоз којшто носи и најмногу изненадувања.
Можноста за учество во бонус играта ЗАВРТИ ЕКОСУТЕР ТРКАЛО трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота, во лото емисијата, се извлекува (по електронски пат) по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус (50 000, 100 000, или 150 000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКО СКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1.
Потсетуваме дека со купување на пакет 5 + 1 „Еко скутер“, давате Ваш придонес во општествено одговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќа и солидарност“ наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против КОВИД-19.
Повеќе податоци на www.loto.mk
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

