Забава
Неизбежна средба: Анџелина и Бред набргу ќе претстават нови филмови во Венеција

Анџелина Џоли и Бред Пит ќе ги претстават своите нови филмови на годинешниот филмски фестивал во Венеција, што значи дека неизбежно ќе се сретнат, пренесува „Холивуд рипортер“. Освен на суд, овој пар одамна немал блиска средба лично.
Познатата актерка доаѓа на 81. издание на фестивалот во Венеција за филмот „Марија“, во кој ја толкува главната улога на оперската пејачка Марија Калас. Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг пристигнува како една од главните ѕвезди на филмот „Волфс“, во кој глуми со Џорџ Клуни.
Двојката последен пат се појави заедно на Филмскиот фестивал во Венеција во 2007 година кога Анџелина прошета на црвениот тепих како придружба на Бред пред премиерата на вестернот „Убиството на Џеси Џејмс“.
Анџелина и Бред се запознале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година по што почнале врска и се венчале во 2014 година. Поради, како што изјавила оваа позната актерка, непомирливите разлики меѓу нив, Анџелина поднела за развод во 2016 година.
Разводот беше финализиран во 2019 година. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета. Се вели дека парот постигнал спогодба во 2018 година кога адвокатот на Анџелина изјавил за „Ројтерс“ дека „договорот за старателство е постигнат и потпишан од двете страни и од судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес со разни пресврти.
Ќерките Вивиен и Захара се откажаа од презимето на својот татко, а ова неодамна го направи и 18-годишната Шајло. Барањето за промена на името дојде откога извор близок до семејството изјави за „Пипл“ дека Пит нема контакт со своите возрасни деца, но сепак ги посетува помладите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адел во ретко појавување во јавност, обожавателите зборуваат за нејзината витка фигура

Британската музичка ѕвезда Адел беше фотографирана во Остин, Тексас, на Големата награда на Соединетите Американски Држави, што е едно од нејзините ретки јавни појавувања откако ја заврши серијата настапи во Лас Вегас.
Познатата 37-годишна пејачка беше видена во боксот на тимот на Мерцедес АМГ Формула 1 додека ја обиколуваше нивната гаража. Во таа прилика, таа беше фотографирана со возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели.
Со оглед на тоа што ретко се појавува во јавноста и нема многу неодамнешни фотографии од неа, пејачката ги изненади фановите со својот изглед – таа видливо ослабе, а црната комбинација што ја избра за овој настан дополнително ја нагласи нејзината нова фигура.
Пејачката се повлече од јавноста откако го изведе својот последен настап од нејзината двегодишна резиденција во Цезарс Палас во ноември 2024 година. Оттогаш успешно се држи подалеку од медиумското внимание.
Минатиот август, повеќекратната добитничка на Греми објави дека прави пауза од музичката индустрија.
„Нема да ве видам долго време“, и рече таа на публиката на концерт во Минхен. „Само ми треба пауза, ги поминав последните седум години градејќи нов живот за себе и сакам да го живеам сега.“
Пејачката, родена како Адел Адкинс, е верена со Рич Пол, спортски агент и извршен директор кој, меѓу другите, ја претставува и НБА легендата Леброн Џејмс.
Се чини дека посетата на познатата пејачка не донесе среќа за тимот на Мерцедес. Џорџ Расел ја заврши трката на шестото место, иако стартуваше од четвртото место. Во меѓувреме, неговиот соиграч Антонели падна од 7-мо на 13-то место и изгуби поени.
Забава
(Фото) Што и да облече, едно е сигурно – шпанската убавица секогаш ќе изгледа како вистинска дама

Актерката Пенелопе Круз неодамна присуствуваше на гала во Лос Анџелес. За вечерниот настан таа одлучи да облече навидум едноставна креација, која зрачи со чиста елеганција.
Шпанската убавица избра фустан во валкано бела боја, кој ги прегрна сите нејзини облини и беше украсен со интересни детали.
Покрај тоа, деколтето, кое ги истакнуваше нејзините гради, беше многу забележливо, а не треба да ја заборавиме и блескавата насмевка што ја покажуваше цело време за време на фотосесијата.
За да го комплетира својот изглед, таа се одлучи за малку свиткани прамни коса, како и шминка во природни тонови, кои совршено ги истакнуваа нејзините црти на лицето.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омилената џебна Венера избра гламурозен фустан за големиот настан: за некои обожаватели беше целосно промашување

Актерката и режисерка Ева Лонгорија блесна на гала вечер во Лос Анџелес. За таа пригода, таа избра гламурозен фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги истакнува сите нејзини луксузни атрибути.
Креацијата е украсена со розов материјал со светки, но и длабоко деколте со облик во срце што ги нагласува градите. Зад овој „Барби“ фустан стои познатиот либански дизајнер Ели Сааб, а омилената џебна Венера со задоволство го носеше за посебната вечер.
И додека модните критичари пишуваат пофалби за оваа убавица, јавноста на социјалните мрежи не е премногу задоволна од нејзиниот стил, пишува порталот „The Blast“.
„Фустанот беше дизајниран за високи жени. Мораше да се измени за да им одговара на пониските. Секако, фустанот е прекрасен“, „Едвај ги собра градите во тој корсет“, се само некои коментари.
Сепак, имаше и такви кои напишаа само убави зборови.
„Фустанот е прекрасен, исто како Ева“, „Го обожавам нејзиниот стил“, пишуваат фановите.
За да го надополни својот аутфит, актерката носеше фризура стилизирана во ретро стил, но и впечатлива шминка во темни тонови.
Од накит, таа носеше дијамантски ѓердан кој совршено го заокружи овој гламурозен изглед.
фото: принтскрин