Забава
Некогаш беше голем холивудски заводник, а денес ретко кој би го препознал

Еден од некогашните големи холивудски заводници, Шон Пен, по долго време, е виден деновиве во Малибу, а фотографиите ја изненадија јавноста.
Годините видно го стигнаа 63-годишниот актер, сега неговата коса е целосно побелена и на почетокот тешко се препознава. Носеше бела кошула и црни панталони, а американските фотоагенции пишуваат дека само што се враќал од прошетка во близина на својата куќа.
Актерската кариера ја почна во 1982 година во комедијата „Златна доба во Риџмонт“ по што неговата кариера тргна по нагорна патека. Заедно со богатата актерска кариера Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона четири години, од која се разведе во 1989 година.
Потоа, во 1996 година, почна романса со Робин Рајт. Двојката се разведе во 2010 година, а имаат две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.
Една година беше во брак со актерката Лејла Џорџ, од која се разведе во 2021 година, а минатото лето беше виден со актерката Олга Коротјаева. Таа романса не траела, а холивудскиот заводник набргу бил виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајкл Џордан на прошетка во Дубровник

Познатиот американски кошаркар Мајкл Џордан моментално престојува во Хрватска, каде што е на одмор со сопругата Ивет Прието и пријателите. НБА легендата беше снимена додека шеташе во Дубровник и го привлече вниманието на минувачите, пренесе „Инекс“.
По посетата на Скрадин и Националниот парк Крка, познатиот кошаркар отишол во Хвар. Џордан ручал и уживал во друштвото на пријателите и опуштената атмосфера, а интересно е што тој носи своја текила со себе и само неа ја пие.
На свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која се одржува во Венеција, присуствуваат бројни познати личности, а еден тиктокер направи фотографија од јахтата на Мајкл Џордан наречена М’Брејс, вредна околу 115 милиони долари, поради што многумина помислија дека тој ќе се појави на свадбата на славниот пар.
Мајкл Џордан последен пат ја посети Хрватска во август 2021 година.
Забава
Лорен Санчез фотографирана во пресрет на свадбата, блеска во бело

Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата отиде со глисер.
На денот на нејзината свадба, Санчез блескаше во бело, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и бела марама. 55-годишната Санчез позираше насмеана за фотографите пред свадбата, која треба да се одржи попладне, а многумина се прашуваат како ќе изгледа нејзината венчаница.
Според повеќе медиумски извори, двојката наводно се венчала пред еден месец во САД. Овие наводи се поткрепуваат со фактот дека во Италија не побарале потребна документација за нивниот брак да биде правно важечки. Свадбената церемонија во Венеција е симболична, а двојката наводно потпишала договор од повеќе милиони долари пред нивната граѓанска венчавка во САД.
Безос и Санчез се домаќини на тридневна прослава со голем број познати личности, меѓу кои Иванка Трамп и Џаред Кушнер, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Клое Кардашијан, Опра Винфри и Гејл Кинг, милијардерот Бери Дилер и неговата сопруга, дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, легендата на НФЛ Том Брејди и музичкиот могул Скутер Браун, како и неодамна слободниот Орландо Блум.
Забава
Пејачката Џеси Џеј го победи ракот

Џеси Џ. откри дека официјално го победи ракот, само неколку недели откако објави дека е на операција за тумор на дојка.
Британската пејачка Џеси Џеј, која на 3 јуни објави дека има рак на дојка, а пред помалку од една недела беше оперирана, ја објави најдобрата можна вест – лекарите ѝ кажаа дека повеќе нема рак.
Jessie J reveals her breast cancer is ‘all gone’ after surgery as she gives health update
https://t.co/TP5sRH0SAk— The Sun (@TheSun) June 26, 2025
На Инстаграм, Џеси се пошегува дека нејзината брадавица е сè уште на место, а времето за закрепнување ѝ даде совршен изговор да го гледа „Love Island“ без грижа на совеста.
Таа додаде дека во најтешките моменти имала силна поддршка покрај себе – нејзината мајка, нејзиниот сопруг Ченан Колман и нејзиниот син Скај.
„Многу ми значеше што се поврзав со други кои минуваат низ истата битка“, истакна таа и објави дека поминала низ „постоперативна болка“.
Џеси беше многу оптимистична од самиот почеток на ужасната дијагноза, им кажа на своите обожаватели дека раното откривање на болеста е „светлина во тунелот“ и дека прави пауза од турнеите за да го стави своето здравје на прво место.