Забава
Некои од најважните моменти на црвениот тепих на наградите БАФТА

„Дина“ можеби освои најмногу награди, но „Моќта на кучето“ се покажа премногу моќен кога беа во прашање најдобрите категории на вечерта на доделување награди на Британската академија за филм и телевизија (БАФТА).
Вестернот со Бенедикт Камбербач во главната улога освои награда за најдобар филм и најдобра режија за Џејн Кемпион ставајќи го на добра позиција пред „Оскарите“ подоцна овој месец.
Вил Смит, Трој Котсур и Аријана Дебоуз го зацврстија својот статус како фаворити за „Оскар“.
А што се однесува до најинтересните моменти на црвениот тепих, а и потоа, медиумите издвоија неколку од синоќешната церемонија во „Ројал Алберт хол“, која означи враќање на настанот лично со целосен капацитет.
Австралиската комичарка Ребел Вилсон имаше импресивно деби како домаќин.
Лејди Гага (лево) и минатогодишната победничка Баки Бакрај (десно) ѝ ја доделија наградата за ѕвезда во подем на Лашана Линч.
Аријана Дебоуз не беше подготвена за британското време.
„Следниот пат ќе се консултирам со временската прогноза за да знам што да облечам“, се пошегува победничката за најдобра споредна актерка во изјава за новинарите зад сцената по дождливиот црвен тепих.
Но, непознато за многумина, нејзиниот прекрасен фустан – креација на Оскар дела Рента – всушност се покажа како политичка изјава – кога ќе се стави заедно со оној на нејзината колешка од West Side Story („Приказна од западната страна“).
„Дали некој виде што носи Рејчел Зеглер? Бидејќи ние двете стоиме покрај Украина и сериозно тоа го рефлектираме во боја“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.