Забава
Нема повеќе кивање и чешање, откриена вакцина за љубителите на мачки
Швајцарски научници развиле вакцина која на лицата со алергија од мачки ќе им овозможи да се дружат со овие миленичиња. Истражувањата покажале дека најчестата причина за алергија е гликопротеин Фел д1, кој се наоѓа во плунката на мачката, дланките и кожата.
Кога протеинот ќе навлезе во организамот на лицата со алергија на мачки, се активира реактивен налет на хистамин, што доведува до јадеж, отежнато дишење и други симптоми.
Научниците во Цирих откриле вакцина која, како што се наведува, кога се вбризгува во мачката, го активира имуниот систем да произведе антитела, кои го уништуваат протеинот Фел д1.
Дури четири студии го потврдиле успешното неутрализирање на алергенот, а животните добро ја поднесуваат вакцината, која би можела да биде достапна за три години. Од неа корист ќе имаат и луѓето и мачките.
Инаку, дури 10 отсто од луѓето страдаат од алергија на мачки, но моментално нема сигурна или ефикасна терапија. Во американските прифатилишта секоја година се наоѓаат 3,4 милиони мачки, кои биле напуштени токму поради алергијата што ја предизвикуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Бесконечна романса дури и по 40 години: зборовите што ѝ ги упати се доказ за вистинска љубов
Познатиот холивудски пар Рита Вилсон и Том Хенкс со децении уживаат во љубов која се смета за една од најстабилните во Холивуд. Тие се можеби единствениот пар за кој нема озборувања или шпекулации за криза, иако сè започна на необичен начин.
Со својата последна објава, Хенкс покажа колку ја сака својата сопруга и дека нивната љубов е сè посилна од година во година.
Рита го прослави својот 69-ти роденден, а Том ја искористи можноста да објави фотографија од неа, под која остави емотивна порака.
„Оваа прекрасна жена го слави својот роденден. Нејзиниот сопруг ја сака. Среќен роденден, Рита Вилсон“, напиша актерот.
Љубов која не познава граници
Том Хенкс и Рита Вилсон се запознаа во 1981 година на снимањето на серијата „Bosom Buddies“, но во тоа време беа само пријатели. Првпат се појавија на црвениот тепих како пар во 1986 година и оттогаш се неразделни. За време на нивниот децениски брак, тие добија два сина.
Поради љубовта, Том ја промени својата вера, станувајќи православен, со оглед на тоа што Рита е од грчко потекло.
Покрај тоа, двојката не се двоуми јавно да ја покаже својата љубов, а многу често си посветуваат емотивни објави еден на друг на социјалните мрежи.
За еден од неговите родендени, Рита му посвети трогателни зборови во кои откри колку е всушност силна нивната врска.
„Среќен роденден на човекот кој е мој љубовник, мој најдобар пријател, мое семејство, татко на моите деца. Тој е еден од најпаметните луѓе што ги познавам, ме смее секој ден веќе 38 години, може да заспие насекаде и во секое време. Среќен роденден, љубов моја“, напиша Рита.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Анџелина Џоли и го „украде“ вереникот, а таа фустанот, а го прекрши и правилото на црвениот тепих
Две различни локации и две различни актерки шармираа во уникатен моден дуел, но и го оживеа минатото.
Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли шармираше на Филмскиот фестивал во Рим во едноставен црн фустан, а потоа Лора Дерн се појави во Лос Анџелес за да го промовира филмот „Jay Kelly“. Двете дами покажаа сличен стил, кој многумина ги потсети на една постара приказна.

Со неа беа и Џорџ Клуни и Адам Сандлер, но нејзината модна комбинација ги остави сите во сенка.
Иако го прекрши правилото појавувајќи се во црвена боја, а се знае дека црвената е „забранета“ на црвениот тепих, сепак се чини дека никој повеќе не ја почитува, па зошто би? Се чини дека Анџелина би била среќна да носи таков модел…

Лора прошета во едноставна креација која има спуштено едно рамо, а фустанот малку се шири од половината. Сè комплетираше со црвени салонки, за да не отстапува од монохроматското издание и со овој избор многумина ги потсети на Анџелина, нејзината голема соперничка.

Лора и Анџелина ги поврзува истиот маж. Имено, Лора била верена со Били Боб Торнтон, но тој ја оставил поради Џоли. После сето ова, иако поминале многу години, кога се среќаваат на некој настан, двете се преправаат дека не се познаваат.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Таа ги одбројува деновите до породувањето и позира во бикини: „Толку многу љубов во една објава“
Актерката Ванеса Хаџинс го очекува своето второ дете со Кол Такер, двојката веќе има 15-месечен син. Бидејќи Ванеса е доста активна на социјалните мрежи, секоја нејзина објава привлекува големо внимание.
Неодамна позираше во тесна облека и го покажа трудничкото стомаче, а сега објави нешто уште поинтересно. Позираше со својата најдобра пријателка во бикини, со оглед на тоа што и двете се бремени, фотографијата брзо собра безброј позитивни коментари додека идните мајки уживаа во зајдисонцето.
„Нема ништо поубаво од тоа да бидеш бремена во исто време со твојата најдобра пријателка“, напиша таа во описот.
Набрзо, следеа само позитивни коментари.
„Прекрасна“, „Благословена да си“, „Сјаеш“, „Толку многу љубов на само една фотографија“, беа некои од коментарите.
Ванеса Хаџинс претходно нагласи како мајчинството ја променило и дека тоа е најтешкото, но и најисполнетото поглавје во нејзиниот живот.
фото: принтскрин

