Забава
„Нетфликс“ ја најавува втората сезона на хит-серијата „Сквид гејм“
Глобалниот мегахит Squid Game ќе се врати за втора сезона, соопшти „Нетфликс“ во неделата, нудејќи неколку навестувања за тоа што претстои во мрачната корејска драма.
„Сквид гејм“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ кога беше објавена во септември 2021 година.
Серијата ја раскажува приказната за натпреварувачи кои се во долгови и играат игри од детството за да добијат шанса за суми пари што ќе им го промени животот.
Инспирираше безброј мемиња и костими за Ноќта на вештерките и покрена продажба на зелени тренерки.

Хванг Донг Хјук, сценаристот и режисерот на огромниот хит што го гледаа преку 142 милиони домаќинства, во писмо објавено од „Нетфликс“ откри неколку детали за втората сезона на серијата. Ликовите Ги-хун и ‘Фронтмен’ се враќаат, рече тој, а и човекот во костум со даки можеби ќе се врати.
„Ќе се запознаете и со момчето на Јанг-хи“, додаде тој. Јанг-хи е аниматронска кукла што чувствува движење, прикажана во една од игрите.
„Нетфликс“ не соопшти кога ќе биде објавена новата сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

