Забава
Не се сите знаци за долги врски: Овенот заминува кога страста ќе ја снема, а јарецот нема да прости неверство
Бикот не се врзува за кого било, но оној што ќе го пуштиво своја близина ќе го чува до крајот на животот. Лавовите се сериозни моногамисти и може да ги задржи само некој на кој целосно му веруваат.
Кога ќе ја снема страста, го снемува и овенот. Припадниците на овој знак обично се вљубуваат брзо, интензивно и со целото свое срце. Врската со овенот е динамична и страсна, а нивните чувства се исклучително длабоки.
Во љубовта често се непромислени, кавгите со нив се чести, па маѓепсаниот круг на кавги и помирувања може да трае доста долго. Или додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, тие излегуваат од врската. Може да се скрасат само со некој кој им претставува постојан предизвик.
Бикот не го напушта партнерот дури и кога е најлошо. За припадниците на овој знак може да се каже дека се олицетворение на лојалноста. Бикот нема да се врзе со кого било, но има намера до крајот на животот да го задржитој на кого ќе му дозволи да му се приближи.

Близнакот ќе ве натера вие да го оставите. Припадниците на овој знак во суштина се многу лојални и не сакаат да заминуваат, но партнерот можат да го тестираат до крајност на љубомора.
Понекогаш ќе ги измачува флертувањето со други, па токму така му даваат причина на партнерот да ги остави. Начинот на кој близнаците можат да се скрасат е да имаат некоја занимација, на пример, нешто што ќе ги натера да се чувствуваат љубоморни.
Ракот бара една љубов за живот – припадниците на овој знак не сакаат сомнеж, несигурност и неизвесност во љубовта. Тие се склони кон долги врски, а често се смируваат со првата вистинска љубов.
Сепак, раковите знаат да бидат доста љубоморни и несигурни, поради што можат да го оттргнат партнерот од себе. Во бракот генерално се верни.
Лавот сака кратко, ама слатко. Припадниците на овој знак обично внимаваат кога влегуваат во врска и не се заљубуваат веднаш. Сепак, штом ќе се уверат дека го освоиле предметот на својата страст, тие се многу страсни во врската и се предаваат целосно.

Но, во нивната природа е сè брзо да им здосади, па нивните врски обично траат од една до две години. Лавовите се сериозни моногамисти и може да ги задржи само некој на кој целосно му веруваат, а кој, секако, може да ги забавува.
Девицата останува сè додека е емотивно исполнета. Припадниците на овој практичен и тврдоглав знак во љубовните врски најмногу уживаат во фазата на додворување и освојување.
Тие се лојални и верни долго време, и не се занимаваат со измами бидејќи не се знак кој е насочен на секс. Девиците ќе се скрасат во врска која им дава емотивна и материјална сигурност, како и почит.
Без пријателство за Вагата нема ниту врска. Еден од најпосветените знаци во љубовните врски е вага, а нивните долги врски најчесто се засноваат на пријателство. Меѓутоа, и во таквите врски имаат добри и лоши фази, кои понекогаш може да го загрозат опстанокот на врската.
Скорпијата прекинува поради љубомора. И покрај тоа што припадниците на овој знак се водени од еротска енергија, тие се едни од најлојалните знаци на хороскопот. Бидејќи се многу харизматични и привлечни, нивните партнери ќе се соочат со многу предизвици. И љубомора.

Стрелецот бара врска која ја поттикнува неговата слобода. Припадниците на овој знак ги опишува неодлучноста во емотивните работи, па честопати и самите не се сигурни во својот љубовен избор.
Јарецот очекува апсолутна верност. Припадниците на овој знак се многу традиционални и им е тешко да се поврзат со некого, но ако го направат тоа значи дека мислат дека тоа би можело да трае цел живот.
Од партнерот очекуваат целосна и несомнена верност, а измамата ќе ја доживеат како предавство и веднаш ќе ве отпишат. Добриот секс и децата се „лепило“ што Јарецот го задржува за цел живот.
Водолијата останува со партнерот кој ѝ е предизвик. Припадниците на овој знак по природа се прилично немирни и тешко им е да останат со луѓе кои не им се доволно интересни или на кој било начин не претставуваат предизвик.
Водолиите се омилен зачин на животот, па најчесто имаат многу партнери. Сепак, тие можат да се предадат и да се заљубат, но тоа пука ако мора премногу да се прилагодуваат. Ќе се смират со партнер со кој никогаш не им е досадно.

Рибите се најверниот знак во хороскопот. Припадниците на овој знак може да се каже дека се олицетворение на верност и лојалност и, кога би можеле, би биле среќни цел живот да бидат со еден партнер.
Рибите ќе ја прекинат врската дури откако ќе увидат дека не можат да се справат со насобраните фрустрации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина актерот Ерик Дејн, ѕвезда од серијата „Вовед во анатомија“
Ерик Дејн, актер најпознат по своите улоги во сериите „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“, почина на 53-годишна возраст, помалку од една година откако му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Дејн стекна светска слава како д-р Марк Слоун во популарната медицинска драма „Вовед во анатомија“, пишува BBC.
На актерот, роден во Калифорнија, му беше дијагностицирана АЛС минатата година, а во последните неколку месеци се посвети на подигање на свеста за најчестата форма на моторна невронска болест.

„Со тешко срце објавуваме дека Ерик Дејн почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС“, се вели во соопштението на неговото семејство.
Во соопштението се вели дека ги поминал последните денови опкружен со пријателите и неговата сопруга, актерката и модел Ребека Гејхарт, и нивните две ќерки, Били и Џорџија, кои беа „центарот на неговиот свет“.
„Длабоко ќе ни недостига и секогаш ќе се сеќаваме на него со љубов. Ерик ги обожаваше своите обожаватели и беше вечно благодарен за љубовта и поддршката што ја доби“, се вели во семејството.
Дејн, исто така, го играше Џејсон Дин во фантастичната серија „Charmed“ и капетанот Том Чендлер во акционата драма „The Last Ship“, а се појави во филмови како „Marley & Me“, „Valentine’s Day“ и „Burlesque“.
Роден е во Сан Франциско во 1972 година, а своето телевизиско деби го имаше во 1993 година во серијата „The Wonder Years“.
АЛС, позната и како Лу Геригова болест, е ретка дегенеративна болест што предизвикува прогресивна мускулна парализа. Тоа влијае на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои го контролираат движењето, предизвикувајќи пациентите постепено да ја изгубат способноста сами да зборуваат, јадат, одат и дишат.
Фото/ЕПА
Забава
Три хороскопски знаци се родени дипломати
Во астрологијата постојат знаци кои како да имаат природен талент за дипломатија. Нивните зборови се внимателно одбрани, реакциите не се импулсивни, а смиреноста им е најсилно оружје. Наместо да ја кажат вистината во лице, тие знаат како да ја кажат без да повредат некого.
Вага
Вагата е симбол на рамнотежа. Кога расте тензијата, таа прва ја забележува и се обидува да ја намали. Ги разбира двете страни и бара средина во која сите можат да се препознаат. Не ѝ е цел победа, туку хармонија.
Девица
Девицата не сака драма. Додека другите реагираат емотивно, таа анализира. Нејзината дипломатија се темели на логика и факти. Укажува на грешки без понижување и нуди практични решенија наместо расправии.
Јарец
Јарецот зборува малку, но кога ќе се вклучи, неговите зборови имаат тежина. Дејствува стратешки и се вмешува само кога е потребно. Не манипулира со емоции, туку поставува граници и го враќа фокусот кон целта.
Забава
(Видео) Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“
Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.
Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.
Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly – уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, во продукција на 20TWO Studio a под режисерската палка на Крсте Шупев.
Видео записот ја следи оваа внатрешна трансформација преку силна визуелна симболика. Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.
Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска.
Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.
Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш.
Стајлингот е на самата Симона, во уникатните одела на Сигнори.
„Небитен“ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè“.

