Забава
Ники Минаж тврди дека е поканета во Белата куќа да разговара за вакцината против Ковид-19, од таму демантираат
Раперката Ники Минаж во средата тврдеше дека била поканета во Белата куќа да разговара за вакцините протов Ковид-19 откога нејзините твитови предизвикаа бурни реакции.
Но, претставник на Белата куќа вели дека ѝ понудиле телефонски повик со медицински експерти, а не посета, како што напиша таа на „Твитер“. Раперката во средата твитна дека била поканета поради неточни тврдења за вакцината.
Официјален претставник на Белата куќа за „Ен-би-си њуз“ изјави дека бил понуден повик до Минаж да разговара за прашања во врска со безбедноста и ефективноста на вакцината против Ковид-19 откако таа објави неколку твитови на почетокот на оваа недела, што доведе до тоа „Твитер“ привремено да го суспендира нејзиниот профил.
„Како и со другите, понудивме повик со Ники Минаж и еден од нашите лекари да одговори на прашањата што ги има во врска со безбедноста и ефективноста на вакцината“, рече претставникот на Белата куќа во изјава за „Ен-би-си њуз“.
Рап-sвездата изминативе денови во неколку наврати го изрази својот скептицизам во врска со вакцината, а во средата објави на својот твитер-профил дека е поканета да разговара за своите грижи со претставници на американската влада.
Ники – која неодамна посочи дека вакцината може да доведе до импотенција – напиша на „Твитер“: „Белата куќа ме покани и мислам дека тоа е чекор во вистинската насока. Да, ќе одам. Ќе се облечам во розова боја како Legally Blond („Русокосата од Харвард“ – филм со Рис Витерспун) за да знаат дека сум сериозна. Ќе поставувам прашања во име на лицата што ги исмејуваат дека се, едноставно, луѓе. #BallGate 3. ден(sic)“
38-годишната раперка потоа ги замоли своите следачи на „Твитер“ да ѝ ги испратат своите прашања и грижи за да им ги пренесе на официјалните лица во Белата куќа.
Во една од објавите што предизвикаа бурни реакции, Ники, која има повеќе од 22 милиона следачи на „Твитер“, напиша: „Мојот братучед во Тринидад нема да добие вакцина затоа што негов пријател ја прими и стана импотентен. Тоа се случи неколку недели пред да се ожени, сега девојката ја откажа свадбата. Затоа, молете се и бидете сигурни во вашата одлука, а не да ве тераат на тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

