Забава
Никол Кидман непожелна на сциентолошката свадба на својот син

Конор Круз, син на Том Круз и Никол Кидман, набргу ќе се венча со својата избраничка, но се чини дека судбоносното „да“ нема да го изговори во присуство на својата мајка, според „Дејли мејл“.
Дваесет и четиригодишниот Конор набргу ќе стапи во брак со својата девојка Силвија Занчи, а Никол не е добредојдена. Том ѝ забрани на својата поранешна сопруга да присуствува на церемонијата, а Конор не се побунил.
Том речиси три децении е член на Сциентолошката црква, а неговите посвоени деца, синот Конор и ќерката Изабела, од бракот со Кидман исто така се нејзини следбеници. Според разни извори, Конор бил фасциниран од својот татко и не му противречи. Конор толку ѝ бил посветен на сциентологијата, што неговата жена, наводно, ја прогласиле за сциентолошка принцеза, пренесува „Дејли мејл“.
Токму црквата е причината зошто Никол Кидман нема да биде на свадбата на својот син, а еден извор тврди дека Сциентолошката црква ја смета за супресивно лице. Таквите лица црквата сака да ги казни и да ги изолира како духовно токсични.
Актерската двојка се разведе во 2001 година, Том Круз го задржа старателство над децата и дури и тогаш тие биле воспитувани во духот на сциентологијата. Кидман ја напушти ѕвездата на „Невозможна мисија“ бидејќи не сакаше да живее според правилата на неговата црква, а и втората жена на Круз, Кејти Холмс, исто така од истите причини се разведе од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) На 50 години таа има лице и тело како девојка: во што е тајната?

Актерката Елса Патаки неодамна присуствуваше на настан за лансирање на брендот Biotherm во Мадрид. Сопругата на Крис Хемсворт е амбасадор на гореспоменатиот бренд, па затоа не е изненадување што таа беше заштитно лице на настанот.
За таа пригода, таа избра едноставна бела креација која ласкаше на нејзината завидна фигура, со асиметричен крој, длабоко деколте и отворени рамена.
За да го разбие монохроматскиот изглед, таа додаде потпетици со отворени прсти во боја на праска кои ги истакнуваа нејзините витки нозе.
Бидејќи е природно убава, немаше потреба од многу шминка, па актерката се одлучи за земјени тонови кои само малку ги истакнуваа нејзините црти.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја остави слободно да паѓа по грбот, а како додатоци додаде едвај забележливи обетки и нараквици.
Покрај нејзината модна комбинација, најголемо внимание на јавноста привлече младешкото лице, што го поставува прашањето – како го прави тоа?
Во интервју за „Harper’s Bazaar“, шпанската убавица еднаш призна дека клучот за нејзиниот успех е: физичка активност, правилна исхрана и „ментална кондиција“.
Што се однесува до нејзината рутина за убавина, Елса се труди да ја одржува едноставна и минимална, а да не вклучува многу производи за нега на кожата.
Еве што таа практикува:
- Соодветно чистење и миење со ладна вода
- Хидратација на кожата проследена со масажа на лицето
- И на крај, зелен чај
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Серена Вилијамс никогаш не изгледала послабо: се појави во проѕирен фустан во Милано

Поранешната тенисерка Серена Вилијамс ги потсети сите на својот нов изглед со нејзиното појавување на Неделата на модата во Милано, а благодарение на проѕирниот фустан, многумина не можеа да ги тргнат очите од неа.
Серена неколку пати беше главна тема поради својот изглед, а многумина коментираа за потенцијалните начини на кои ослабела.
Овој пат, таа се одлучи за драматичен изглед. Се појави во сив тесен фустан кој има пердуви на рабовите, а е проѕирен поради што јасно се видливи нејзините облини и мускули.
Гламурозна и драматична, тоа е најдобриот опис на нејзиниот изглед.
Серена никогаш не криела дека се мачи со килограмите, особено по породувањето, а потоа, меѓу другото, користеше и Оземпик, за што отворено зборуваше.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Трендовски маникир што мора да го пробате оваа есен

По лето полно со светли нијанси, време е да додадете нежни кафеави тонови во вашата колекција лакови за нокти и да им дозволите на потемните бои да заблескаат.
Прва се појави лате-шминката, која стана вирална на „Тик-ток“ и собра над 220 милиони прегледи во последните неколку недели.
View this post on Instagram
Таквата шминка подразбира користење топли кафеави тонови, како карамела и какао, на нашите очи, јаболкца и усни за заводлив ефект, кој е еднакво погоден и за сончевото летно време и за топлата есенска клима. Накратко, тоа е совршена идеја за нашиот транзициски изглед на шминка.
View this post on Instagram
Следно се лате-ноктите, кои го носат трендот во чоколадни тонови еден чекор понатаму.
View this post on Instagram
Топлите лате-тонови зрачат со чувство на удобност и елеганција, а совршено го надополнуваат секој есенски изглед.
фото: принтскрин