Забава
Нина Бадриќ се присети на својот прв настап: Бевме само јас и келнерот, не ми платија

Во неодамнешното интервју за „Ин Магазин“, Нина Бадриќ се присети на почетоците на нејзината кариера.
Кога имала 18 години, решила да се занимава со пеење. Таа тврди дека не и било платено за првиот професионален настап.
„Првиот професионален настап беше, добро се сеќавам на островот Крк, каде што јас и келнерот бевме на настапот. Тоа беше мојот прв професионален настап, за кој секако не добив пари бидејќи сопственикот на клубот рече дека никој не дошол и дека нема зошто да биде платена“.
„Реков дека нема проблем и онака никој не ме познава, но за неколку години ќе слушнете која сум“, изјави 52-годишната пејачка.
Нина денес е една од најпопуларните пејачки во Хрватска и регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Блејк Лајвли и се извини на Тејлор Свифт што ја вовлече во кавгата со Балдони

Блејк Лајвли наводно и се извинила на пејачката Тејлор Свифт што ја вовлекла во кавгата со Џастин Балдони, пишува News Nation.
„Сè решија. Блејк се извини и сега пак разговараат“, коментира добро информиран извор.
Да потсетиме, веќе некое време кружат гласини за лошите односи меѓу Свифт и Лајвли. Сè започна откако Џастин Балдони ја вклучи пејачката во неговата тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Недолго потоа, извор близок до Свифт рече дека таа „се чувствува искористена“ и не и се допаѓа што Блејк ја нарекува „еден од нејзините змејови“.
Забава
(Видео) Калиопи воодушеви во Лисински, гости и беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.
Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.
Забава
(Видео) „Ништо не е важно кога си заљубен“: Лукас Браво ја потврди врската со Шејлин Вудли?

Лукас Браво, актерот од серијата „Емили во Париз“, проговори за својот љубовен живот. Неодамна се шпекулираше дека е во врска со Шејлин Вудли, а Браво навести дека навистина има некој посебен во неговиот живот.
„Пејџ Сикс“ го праша актерот дали се чувствува чудно што јавноста разговара за неговиот приватен живот. На што Браво рече: „Да, мислам дека сите би се согласиле со тоа. Но, знаеш, кога си заљубен и среќен, ништо друго не е важно“.
Многумина веруваат дека ова било потврда за врската со Вудли.
Гласините за нивната врска се појавија на крајот на март. Вудли и Браво беа фотографирани додека се шетаат низ Париз, а на фотографиите кои ги објави Дејли Мејл наводниот пар се држеше за рака.