Забава
Нова приказна за Бетмен ќе дебитира на „Спотифај“ во мај, на 9 јазици
Оригинална сторија за Бетмен, алтерегото на Брус Вејн, следниот месец ќе дебитира низ светот како поткаст серија на стриминг-платформата „Спотифај“.
Поткаст-серијалот започнува во мај со локални адаптации во девет земји, вклучувајќи ги Индија, Бразил и Јапонија, соопшти компанијата во вторникот.
Серијалот го следи филмот за човекот лилјак, кој почна да се прикажува во киносалите во март и заработи речиси 712 милиони долари од продажба на билети на глобално ниво.
Batman Unburied е прв проект развиен преку повеќегодишен договор помеѓу „Спотифај технолоџи СА“ и „Ворнер Брос“ за да ги донесе суперхероите на „Ди-си комикс“ во наративни поткасти.

Шведската компанија „Спотифај“, најголемата стриминг-платформа за музика во светот, го засили својот бизнис со поткасти и сега нуди повеќе од 3,2 милиони наслови на поткасти.
Опишана како психолошки трилер, Batman Unburied („Бетмен непогребан“) е оригинална приказна која започнува со тоа што Вејн работи како форензички патолог кој ги испитува жртвите на сериски убиец.
Продукцијата на англиски јазик ќе има глобална премиера на 3 мај, како и локализираните верзии во Бразил, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија и Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Вистинска убавица: Минијатурното бикини ги откри сите нејзини атрибути
Пејачката Дуа Липа ужива во заслужен одмор, но и во друштво на својот сакан Калум Тарнер. Пејачката неодамна заврши музичка турнеја во Мексико, а сега одлучи да се посвети на својата благосостојба.
Таа објави компилација од фотографии на Инстаграм на кои се гледаат нереалните кадри од природата, како и нејзината завидна фигура. Може да се заклучи дека снимките од нејзиното згодно тело привлекоа внимание, бидејќи предизвикаа и лавина од коментари на интернет.
Дуа позираше во минијатурно бикини со леопард-принт кое ја нагласуваше нејзината завидна фигура и извајано тело.
Коментарите од обожавателите беа секако забележливи, а многумина ја пофалија за нејзината убавина.
View this post on Instagram
„Прекрасна природа, но сепак си поубава“, „Те обожавам, девојко“, „Какво тело и каков глас…“, се само неколку.
Дуа Липа, според неодамнешното истражување на PlayersTime, поседува карактеристики на вистинска убавица. Тие исто така споменаа кои физички карактеристики ја красат:
„Имињата може да се менуваат, трендовите може да се менуваат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и таа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објаснија тие.
Забава
Еден хороскопски знак треба да игра лото: среќата му е на дофат!
Со влегувањето во сезоната на Јарец, од 21 декември, започнува поволен финансиски период за дел од хороскопските знаци. Распоредот на планетите отвора можности за заработка, добивки и паметни финансиски одлуки, особено до 27 декември.
Најмногу среќа со парите, според астролошките прогнози, ќе имаат Стрелец, Јарец, Близнаци и Девица, кај кои се можни зголемени приходи, бонуси или неочекувани приливи.
Дополнително, Бик е знак на кој ѕвездите му препорачуваат да се обиде со игри на среќа, бидејќи постои можност за изненадувачка добивка.
Забава
(Фото) Изгуби 14 килограми, а потоа ги покажа мускулите: „Сакам да бидам одговорен татко и да изгледам добро“
Познатиот пејач Ед Ширан направи драстични промени во својот живот, се откажа од некои лоши навики и успеа да ослабе 14 килограми. Како што вели, сака да биде добар пример за своите ќерки.
Ед позираше за насловната страница на списанието „Men’s Health“ и откри што го натерало да се подложи на нов режим и да ослабе. Пресвртот се случил кога неговата најстара ќерка, која сега има пет години, имала само две недели.
„Мојата најдобра пријателка беше кај мене и пиевме шише вино. Си легнав, а потоа таа се разбуди по 20 минути. Се разбудив и помислив дека веројатно не треба повеќе да пијам ако ќе се чувствувам толку лошо. Сакам да можам да ги извршувам ноќните обврски со децата, да бидам одговорен татко и да изгледам добро“, рече тој.
Па наместо пиво по настап, Ед почна да вежба пилатес и трчање, а наместо да оди во пабови и кафулиња – по концерт оди директно во својата хотелска соба.
Самиот Ед Ширан сподели фотографии од себе на Инстаграм и откри некои детали од неговата трансформација во описот.
„Нешто за кое мислев дека никогаш нема да можам да го направам, но еве нè. Пред десет години пиев пиво, јадев ќебапи и пушев. Родителството ме натера да ги прекинам сите тие навики и сериозно се посветив на вежбање и умереност. Не велам дека престанав да уживам, сè уште пијам. Обожавам црвено вино, обожавам добар оброк, но не е секој ден“, напиша Ед.

