Забава
Нов албум на „U2“, стари песни во ново руво

Изданието „Songs of Surrender“ е составено од 40 од најголемите песни од каталогот на светски познатата група „U2“, кои се повторно снимени и дизајнирани во ново руво.
Ова го објавија „Island Records“ и „Interscope“ (Universal Music Group).
Овој албум е резултат на студиски сесии од изминатите две години, а во целост ќе излезе на 17 март.
Откриена е првата песна – „Pride (In The Name Of Love)“, која во ново руво е достапна на сите музички платформи.
„Songs of Surrender“ беше замислен и продуциран од гитаристот The Edge, а содржи некои од најпознатите песни од повеќе од 40-годишната кариера на бендот, вклучувајќи ги „With or Without You“, „One“, „Beautiful Day“.
Како резултат на музичката реинтерпретација и новите аранжмани, песните ќе бидат објавени како целосно нови снимки, а во некои од нив има промени и во текстот.
– Музиката ви овозможува да патувате низ времето, сакавме да ги донесеме нашите стари песни до денес и да им го дадеме „духот на 21 век“ – откри The Edge.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најлесно ги кршат туѓите срца: заминуваат тивко, без објаснување

Без разлика дали се работи за неодлучност, страв од посветеност или начинот на кој ги завршуваат врските, има луѓе кои ги повредуваат оние што ги сакаат полесно од другите.
Во љубовта не е секогаш сè совршено – некои луѓе оставаат длабока трага, но и болка зад себе.
Според астрологијата, одредени хороскопски знаци имаат поголема веројатност да имаат особини кои можат да завршат со скршени срца. Ѕвездите покажуваат дека овие луѓе се родени под следните хороскопски знаци.
Близнаци
Родените во знакот Близнаци често се многу шармантни, духовити и привлечни, што ги прави исклучително интересни во љубовта. Сепак, нивната потреба за постојана стимулација и промена може да доведе до непредвидливо однесување.
Тие се емоционално неостварливи и понекогаш дури и не сфаќаат колку длабоко можат да повредат некого. Поради нивната неодлучност и променливост, познато е дека Близнаците ненадејно ги прекинуваат врските или се оддалечуваат без јасна причина. Ова може да ја остави другата личност збунета и повредена.
Стрелец
Стрелците се познати по својот слободен дух и желба за независност. Тие ретко остануваат долго на едно место, а истото важи и за врските кои не ја исполнуваат нивната потреба за раст и авантура.
Тие на почетокот освојуваат со искреност и страст, но често не размислуваат за долгорочните последици од нивните одлуки. Поради потребата за слобода, Стрелците понекогаш заминуваат кога партнерот најмалку го очекува тоа.
Иако не сакаат намерно да повредат, нивното дистанцирање и нагло заминување може да предизвика длабоки емоционални рани.
Водолија
Водолиите се оригинални, независни и често многу интелектуални, но и емотивно оддалечени. Иако можеби имаат силни чувства, тие ретко ги покажуваат на начин кој би бил јасен и утешен за партнерот.
Нивната потреба за простор и индивидуалност често е на прво место. Партнерите понекогаш се чувствуваат запоставено или емотивно занемарено во врската со Водолија.
Кога ќе одлучат да заминат, Водолиите често го прават тоа смирено, без многу објаснувања – што може дополнително да ги засили чувствата на тага кај другата страна.
Забава
Овие намирници ќе ви помогнат да ослабете, една од нив ќе ве изненади

Ако јадете помалку и вежбате повеќе – ќе се приближите до вашата идеална тежина.
Обично, кога станува збор за поставување цели во физичката активност, многумина се стремат кон губење на тежината. Сепак, иако можеби звучи едноставно, многу луѓе знаат дека слабеењето е процес кој бара многу.
Луѓето се свесни дека двата најважни фактори за слабеење се правилната исхрана и редовната физичка активност. Општо земено, ако јадете помалку и вежбате повеќе, ќе се приближите до вашата идеална тежина.
Иако ова може да ве натера да мислите дека генерално треба да го намалите внесот на храна, еден експерт советува дека одредени намирници всушност можат да помогнат при губење на тежината бидејќи обезбедуваат подолго чувство на ситост.
Нутриционистот и личен тренер Лук Хана откри девет намирници кои можат да помогнат да се ослободите од маснотии, вклучително и онаа што може да ве изненади.
Важно е да се нагласи дека самите овие намирници нема директно да доведат до слабеење, туку ќе ви помогнат да се чувствувате посити подолго време, што значи дека нема да чувствувате потреба да јадете повеќе во текот на денот.
Затоа, треба да вклучите во вашата исхрана: бела риба, овесна каша, пилешко, грчки јогурт, пуканки, овошје, тестенини од цели зрна, како и зеленчук богат со влакна, како брокула, моркови и карфиол.
Сепак, Хана препорачува и јадење компири, иако некои нутриционисти и тренери ги избегнуваат. Како и да е, клучно е како го подготвувате – пржењето на масло не е исто што и вриење или печење.
Неговиот совет е поддржан од студија објавена во European Journal of Clinical Nutrition, која анализирала различни намирници за да го одреди индексот на ситост или колку долго одредена храна ве држи сити после јадење.
Белиот леб се користел како основа за споредба, а повеќето намирници имале еднаков или повисок индекс на ситост. Се покажа дека компирите имаат највисок индекс на ситост – седум пати повисок од кроасаните, кои имале најнизок резултат во оваа студија.
Забава
Сакаат предизвици, но живеат во илузија: овие хороскопски знаци секогаш избираат погрешни партнери

Некои луѓе, едноставно, имаат необичен талент да се заљубуваат во оние што не може да им го дадат она што им треба.
Без оглед на предупредувањата или лошите искуства од минатото, тие упорно избираат партнери што се емотивно недостапни, недоверливи или склони кон манипулации.
Наместо да бараат стабилност и сигурност, нив ги привлекуваат предизвиците и илузијата дека љубовта ќе ја промени личноста што ја сакаат. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.
Риби
Рибите се непоправливи романтичари, кои секогаш веруваат во најдоброто во луѓето, дури и кога реалноста им го покажува спротивното. Нивната чувствителна природа и силната емпатија често ги водат до врски во кои даваат многу повеќе отколку што добиваат.
Рибите ги идеализираат партнерите, ги игнорираат црвените знамиња и се убедуваат себеси дека таа личност ќе се промени – само ако ја сакаат доволно. За жал, ова често води до разочарување и емоционална болка. Покрај нивната склоност да избираат емоционално недостапни луѓе, Рибите тешко се откажуваат од минатите врски.
Нивната носталгија и верувањето дека некои љубови се предодредени може да ги држат во токсични врски многу подолго отколку што треба. Дури и кога знаат дека нешто не е добро за нив, тешко се одлучуваат да го прекинат надевајќи се дека некако работите сами ќе се подобрат.
Вага
Вагата е знак што ја сака љубовта повеќе од сè, но токму оваа потреба за врска често ги води во погрешни врски. Нивната желба за хармонија и романса може да ги наведе да останат во врска што не им носи среќа, само за да избегнат конфликт или осаменост.
Наместо да поставуваат јасни граници и да ги заштитат своите емоции, Вагите често попуштаат и се обидуваат да му угодат на партнерот, дури и ако тоа значи занемарување на сопствените потреби. Нивната тенденција да ја идеализираат врската понекогаш ги спречува да ги гледаат работите онакви какви што се.
Често се обидуваат да ги поправат проблематичните врски и да се убедат себеси дека работите ќе се променат наместо да прифатат дека се со погрешна личност. Кога конечно ќе сфатат дека е време да се стави крај, на Вагите им е тешко да закрепнат бидејќи се навикнати да го вложуваат целото свое срце во љубовните врски – дури и кога им носат повеќе тага отколку радост.