Забава
Нов тренд на плажите – накит за меѓуножјето

Според таблоидите, секси накитот за меѓуножјето – како што го опишуваат дизајнерите на овој моден додаток – е најголем хит на плажите во светот.
Линијата накит за интимниот дел од телото е дизајнирана од јапонската компанија BoDivas и го носи името Beachtails.
Накитот треба да биде поставен во внатрешноста, а украсите висат надвор од бикините, меѓу нозете.
Цените варираат во зависност од дизајнот и украсите, од 15 до 20 евра.
Тоа е метален синџир од не’рѓосувачки челик со украсни камења од секоја страна и се носи така што излегува од бикините. Производителот вели дека нивниот накит изгледа одлично и кога се носи со разни модели долна облека.
Некои модели имаат кристали од „Сваровски“ и доаѓаат во разни бои, како црна, црвена и тиркизна.
Покрај синџири за меѓуножјето, тие нудат и украси за брадавици, пренесува весникот „Сан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хајди Клум ги прекрши правилата на Канскиот филмски фестивал

Хајди Клум е навикната да привлекува внимание каде и да оди во текот на нејзината кариера како модел и телевизиска личност.
Клум (51) присуствуваше на годишниот Филмски фестивал во Кан, а нејзиниот избор на облека дефинитивно беше впечатлив. Таа носеше розов фустан со долг дел кој се влечеше по земјата.
За жал, дизајнот на фустанот го прекршува правилникот за облекување на престижниот фестивал, барем според официјалната веб-страница на Кан.
„Тоалети со волумен, особено оние со долг шлеп, кои го попречуваат движењето на гостите и го отежнуваат седењето во театарот, не се дозволени“, стои на сајтот.
Секако, голотијата исто така е забранета во Кан, но Клум не го прекршила тој дел од правилата. Сепак, нејзината облека очигледно ги надминува дозволените граници наведени погоре.
Забава
„Ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот“ – славната актерка откри непријатен момент од аудиција за улога во филм за Бонд

Актерката Розамунд Пајк се присети на аудицијата за улогата во „Die Another Day“, филм за Џејмс Бонд во кој глумеше Пирс Броснан, и раскажа како доживеала непријатна ситуација.
Како што изјави за „Харперс Базар“, на аудицијата од неа побарале да остане во долна облека.
„На аудицијата за Бонд ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот што го носев, и да стојам таму во долна облека. И си помислив: ‘Па, не, тоа ќе го направам ако ја добијам улогата. Сега нема да го сторам тоа.‘ Не знам што ми беше тогаш“, раскажа таа.
Иако одбила да направи што ѝ било побарано на аудицијата, Пајк ја добила улогата во хит-филмот.
Претходно, Розамунд, во подкастот „David Tennant Does a Podcast with…“, зборуваше и за еден непријатен момент за време на снимањето на интимна сцена со Броснан.
„Се гушкавме, па се одвоивме и погледнав во лепенките за телото и оние за брадавици, а тие беа покриени со влакна. И си помислив: ‘О Боже, јас ги депилирам градите на Пирс.‘ Бев многу засрамена. Си реков: ‘Толку е храбар, јас му ги кубам влакната од градите со секое гушкање.‘ И секако, требаше неколку обиди за да сфатам дека тоа не бил тој. Тоа беше вештачкото крзно од теписите. Навистина мислев дека ги депилирам неговите гради“, раскажа таа.
Забава
Ретко покажуваат кога им е тешко: три хороскопски знаци кои држат во себе

Додека некои веднаш кажуваат кога нешто им тежи или пречи, има хороскопски знаци кои сè доживуваат длабоко, но тивко. Не сакаат да се отвораат, не бараат помош и не сакаат да покажуваат слабост. Наместо да плачат или да се жалат, тие чуваат сè внатре, надевајќи се дека непријатните чувства едноставно ќе поминат.
Ова се трите знаци кои најчесто ги носат своите грижи сами, за никој да не забележи колку навистина им е тешко.
Јарец
Јарецот е симбол на сила, контрола и одговорност. Кога му е тешко, нема да го покажува тоа бидејќи мисли дека мора да остане цврст и да не ги оптоварува другите со своите проблеми. Неговата болка често е тивка и се крие зад зафатеност, работа и реченици од типот „се е во ред“. Јарците веруваат дека емоциите треба да се решаваат сами, во тишина, па дури и ако можат да користат поддршка.
Девица
Девиците анализираат сè, вклучително и сопствените емоции, но ретко зборуваат за нив. Наместо да се жалат, тие се обидуваат да си објаснат зошто се чувствуваат така и каде згрешиле. Често делуваат мирно и присебно, додека внатре се борат со анксиозност и несигурност. Девицата ќе ви помогне во се, но ќе и биде тешко да признае дека и треба помош.
Шкорпија
Иако се познати по своите интензивни емоции, Шкорпиите ретко ги откриваат своите слабости. Нивната болка е длабока. Тие не сакаат да ги гледаат како ранливи и претпочитаат да држат сè под контрола. Кога тие страдаат, обично нема да знаете освен ако не ги знаете многу добро. Тие ќе се повлечат, ќе молчат и ќе размислуваат, но ретко ќе ги отворат своите срца ако не сте ја стекнале нивната целосна доверба.