Забава
Обидот на Кендал Џенер да исече краставица предизвика многубројни коментари

Социјалните мрежи се преполни со коментари, повеќето негативни, по појавувањето на видеото на кое се гледа како Кендал Џенер сече краставица.
26-годишната манекенка очигледно не знае да користи нож за да го исече зеленчукот.
Видеото е извадок од семејното ток-шоу „Кардашјанс“, кое се емитува на мрежата „Хулу“, и не е познато зошто полусестрата на Ким решила да ги демонстрира своите кулинарски невештини пред камерите.
Во најновата епизода Кендал доаѓа во вилата на својата мајка во Калабасас и сфаќа дека е гладна, па сака да си направи нешто за грицкање. Таа го одбила предлогот на мајка си готвачот да ѝ приготви нешто за јадење и рекла дека може сама да си подготви оброк бидејќи сечењето краставица не е тешко. Како што се утврди, не ѝ било лесно.
Гледајќи ја ќерка си како се мачи, Крис го праша готвачот: „Ќе ѝ го пресечеш ли ова?“ Но, Кендал го одби предлогот.
Видеото предизвика многубројни коментари: „Пред еден час ја гледав Кендал Џенер како се обидува да исече краставица. Се чувствувам малку супериорно“.
„Ова е трагично!“
„Опседната сум со обидот на Кендал Џенер да докаже дека не е разгалена богаташка, која за малку ќе си го изместеше рамото обидувајќи се да исече краставица“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.