Забава
Обилен дожд го означи почетокот на оскаровскиот црвен тепих
Поројниот дожд ги усложни подготовките за црвениот тепих на Оскарите во неделата, а работниците мораа да се справат со протекувањата на црвениот тепих пред самиот почеток на најголемата ноќ во Холивуд.


An man walks with a pole tries to push back a pocket of pooled water in the ceiling cover over cameramen as talents arrive in pouring rain for the 92nd annual Oscars at the Dolby Theatre in Hollywood, California on February 9, 2020. (Photo by VALERIE MACON / AFP) (Photo by VALERIE MACON/AFP via Getty Images)
Студеното време и темните облаци донесоа обилни дождови токму кога познатите холивудски ѕвезди требаше да почнат да пристигнуваат во театарот „Долби“. И покрај тоа што персоналот користеа долги шипки за да го истуркаат дождот да не се собира на пластичната цирада над црвениот тепих, малку вода сепак се задржа.
А парадата на славните си продолжи непречено. Актерот Били Портер ги изненади сите на претпремиерата на црвениот тепих со доста необичен избор на облека. Тој веднаш го привлече вниманието со доста специфичен и бизарен стајлинг – корсет од златни пердуви и здолниште со впечатлив дезен.

Режисерот Спајк Ли оддаде почит на кошаркарската легенда на „Лос Анџелес Лејкерс“ Коби Брајант, кој почина во хеликоптерска несреќа кон крајот на минатиот месец. Режисерот се појави на црвениот тепих со виолетов смокинг на кој златниот број 24 беше извезен на задниот и предниот дел.
Екипата на кандидатот за најдобар филм „Паразит“ пристигна масовно ноќта која би можела да биде историска за јужнокорејскиот филм, што подоцна и се покажа како таква. Имено, Јужнокорејците направија историја. За првпат најпрестижната награда за најдобар филм беше доделена на филм од неанглиско говорно подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

