Забава
Објавена нова фотографија направена од Кејт Мидлтон: „Те сакаме, тато“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/kejt-vilijam.jpg)
По повод Денот на татковците во Велика Британија, на инстаграм-профилот на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија направена од Кејт Мидлтон.
„Те сакаме, тато. Среќен ден на таткото“, стои во описот на фотографијата, на која принцот Вилијам ги гушка своите деца Џорџ, Шарлот и Луис на плажа.
View this post on Instagram
Фотографијата е направена оваа година од принцезата од Велс.
Инаку, Кејт викендов првпат се појави во јавноста откога објави дека има рак.
View this post on Instagram
Принцезата од Велс присуствуваше на традиционалната парада Trooping the Color, придружувана од децата и принцот Вилијам. Trooping the Color ја одбележува роденденската забава на монархот, а принцезата учествуваше во поворката со кочија со своите деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Четири хороскопски знаци кои брзо ги преболуваат партнерите по раскинувањето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/925f6124-77a2-40b3-ad11-f98b18c70d4a.jpg)
Раскинувањата се тешко искуство за повеќето луѓе, но има хороскопски знаци кои неверојатно брзо ги преболуваат бившите партнери и продолжуваат понатаму. Тие имаат единствена способност да се вратат од љубовните неуспеси и повторно да ги отворат своите срца за нови авантури.
Овен
Овните сакаат предизвици и секогаш бараат нови можности за докажување. Кога се соочуваат со раскинување, Овните брзо го преболуваат бидејќи нивната страст и енергија ги поттикнуваат напред. Не сакаат да стагнираат и да плачат за минатото. Нивната склоност кон акција и возбуда значи дека брзо ќе најдат нешто ново за да ги окупира. Без разлика дали се работи за ново хоби, работа или љубов, Овенот брзо ќе премине на следното нешто што ги интригира. Нивната бестрашна природа и желба за напредок ги прават исклучително отпорни на љубовни неуспеси.
Близнаци
Близнаците секогаш бараат нови искуства и информации. Кога раскинуваат со партнерот, брзо го преболуваат бидејќи нивната љубопитност ги води кон нови луѓе и можности. Брзо се заситуваат од рутината и монотонијата, па кога ќе заврши една врска, веќе ја бараат следната возбудлива приказна. Способноста за комуникација и поврзување со луѓето ги прави исклучително прилагодливи. Близнаците нема долго да го оплакуваат минатото бидејќи секогаш има нешто ново да ги окупира. Нивната дружељубива природа и љубовта кон новите искуства им помагаат брзо да продолжат понатаму.
Стрелец
Стрелците не можат да го поднесат чувството на приврзаност и ограничувања, поради што брзо ги преболуваат раскинувањата. Тие се природни оптимисти кои секогаш гледаат напред. Тие веруваат дека животот е премногу краток за да се троши на тага и жалење. Нивната љубов за патување и откривање нови култури често ги оддалечува од минатите врски. Кога ќе се соочат со раскинување, Стрелците брзо ќе се свртат кон нови авантури и можности за личен раст. Нивниот оптимизам и желбата за истражување ги прави исклучително отпорни на љубовни неуспеси.
Водолија
Водолиите пред сè ја ценат својата слобода и брзо ги надминуваат прекините бидејќи нивната желба за личен развој и иновации ги води кон нови цели. Лесно се прилагодуваат на промените и секогаш бараат нови начини да си го подобрат животот. Кога ќе се соочат со раскинување, тие брзо ќе најдат нова страст или проект што ќе ги окупира. Нивната склоност кон оригиналност и иновативност значи дека секогаш ќе најдат нешто ново и возбудливо што ќе им помогне да го пребродат раскинувањето. Водолиите нема да бидат долго тажни бидејќи секогаш има нешто ново што може да ги инспирира.
Забава
Таа има 68, а нејзиниот вереник 28: „Се уште не сме се виделе во живо, но се сакаме, му праќам подароци“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sem.jpg)
Кога жена во седмата деценија ќе признае дека праќа пари на маж кој никогаш не го запознала, а тој е дури 40 години помлад од неа, тоа секако ќе предизвика реакции. Но, една жена од Велика Британија е задоволна. Имено, 68-годишната Пат открила дека на интернет го запознала медицинскиoт брат Сем, кој има само 28 години.
Таа тврди дека се сакаат, иако тој всушност живее на другата страна на светот во Пакистан и комуницираат само преку видео повици и пораки, пишува „The Sun“.
Пензионираната медицинска сестра, која се опишува себеси како „млада во срцето“ и „слободоумна“, рече дека нејзиното момче е „многу секси“.
Сем вели дека сонува да се пресели во Обединетото Кралство и таму да работи во здравствениот сектор, но таа го обожава и му купува подароци.
„За да му олеснам да оди на работа, му купив мотор“, рече таа.
Пат исто така додава дека има традиционални вредности и кога Сем ќе пристигне во ОК, парот ќе има одвоени кревети бидејќи не веруваат во предбрачен секс.
Сем неодамна ја запросил, па таа се надева дека нема да мора долго да чека на венчавката.
– Нашата физичка привлечност е доста силна, многу сме привлечени еден кон друг – вели таа.
Нејзината пријателка Ана е загрижена дека Сем можеби е измамник.
– Разликата во годините ми е малку чудна, но се надевам дека е искрен – рекла Ана.
Пет вели дека е многу среќна во врската со Сем, и не му претставувало проблем кога му кажала дека не може да му раѓа деца, поради нејзината возраст.
Нејзе не и е грижа што велат луѓето. Семејството на Сем прифатило дека тој има ваква врска, иако некои не се сигурни во нејзиниот успех.
Неговиот брат му рекол дека го загрижува разликата во годините, пишува The Sun.
Забава
Хороскопски знаци кои се одлични пријатели, но ужасни љубовници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/horoskop.jpg)
Кога станува збор за љубовта и врските, понекогаш наидуваме на парадокс: луѓето со кои совршено се согласуваме во пријателска смисла понекогаш не се идеални партнери во љубовните врски. Оваа динамика може да биде збунувачка, особено кога очекувањата од една врска неизбежно се прелеваат во границите на друга.
Пријателството може да се заснова на слични интереси, взаемна поддршка и меѓусебно разбирање, додека љубовната врска бара дополнителни слоеви на компатибилност, како што се емоционална поврзаност и физичка привлечност.
Во кои хороскопски знаци често се раѓаат луѓе кои се одлични пријатели, но лоши љубовни партнери.
Водолија
Водолиите се познати по нивната способност да создаваат длабоки и значајни пријателства. Тие ја ценат интелектуалната стимулација и независноста, што ги прави одлични пријатели кои секогаш се подготвени да пружат поддршка и разбирање. Меѓутоа, кога станува збор за романтични врски, нивната потреба за емотивен простор може да доведе до чувство на дистанца и студенило, што може да ги фрустрира партнерите кои бараат поголема интимност и емотивна поврзаност.
Близнаци
Близнаците се друштвени, забавни и полни со живот, што ги прави фантастични пријатели. Нивната приспособливост и леснотијата на комуникација им овозможуваат да одржуваат широк круг на пријатели. Но, во љубовните врски, Близнаците можат да бидат непредвидливи и склони кон промени во расположението, што го отежнува градењето на длабока и стабилна емотивна врска. Нивната желба за нови искуства може да се појави како непостојаност во партнерските односи.
Стрелец
Стрелците се познати по својата авантуристичка природа и оптимизам, што ги прави одлични пријатели кои можат да го подигнат духот и да ги мотивираат сите околу нив. Како пријатели, тие секогаш се подготвени за нови искуства. Сепак, нивната страст за слобода и независност често ги прави комплицирани љубовни партнери. Стрелецот може да има проблеми со обврските, што може да предизвика несигурност и нестабилност во романтичните врски.