Забава
Оваа европска земја забрани телефонирање при преминување улица
Литванците наскоро ќе мора да платат казна доколку полицијата ги фати како користат мобилен телефон додека преминуваат улица откако земјата усвои нов закон со цел намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.
„Пешаците повеќе нема да смеат да користат мобилен телефон кога преминуваат улица“, изјави литванскиот министер за сообраќај, Рокас Масиулис.
Тој информира дека казната за прекршување на законот е 40 евра.
Минатата година градот Хонолулу на Хаваите усвои сличен закон, но во поблага форма. Пешаците во тој град може да зборуваат на мобилен телефон додека преминуваат улица, но не смеат да пишуваат пораки.
Литванија е трета земја во Европската Унија по стапката на смртност во сообраќајни несреќи, по Романија и Летонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Се сретнаа највисоката и најниската жена во светот
Гинисовата книга на рекорди објави видео од средбата што се случи оваа седмица помеѓу Румејса Гелги (27) и Јјоти Амга (30), организирана по повод 20-годишнината од Гинисовиот ден на рекорди.
Гелги, турски научник и правник, е висока неверојатни 215 см. Од друга страна е Амге, индиска актерка, висока едвај 63 сантиметри.
„Беше прекрасно да се запознаам со највисоката жена на светот“, изјави Амге пред камерата.
„Таа е толку добродушна, што се чувствувам многу удобно со неа.
Гелги додаде дека таа и Амге имаат многу заеднички работи.
„И двете сакаме да се грижиме за себе, шминка, нокти и накит“, рече.
Необичните пријателки продолжиле да разговараат и да пијат чај. Дуото ја доби титулата икони во јубилејното 70-то издание на Гинисовата книга на рекорди.
„Никогаш не мислев дека ќе ме наречат икона, а особено ми е драго што тоа се случи во 70-тото издание на Гинисовата книга на рекорди“, изјави Амге.
„Не можам да опишам колку сум среќна“, додаде таа.
А Гелги беше воодушевена: „Да се видам себеси меѓу сите оние уметници и спортисти на кои секогаш им се восхитував – тоа е чувство што не може да се опише“.
Според Гинисовата книга на рекорди, Гелги на 17-годишна возраст е прогласена за највисока тинејџерка во светот, а во 2021 година е потврдена како највисока жена на светот. Од друга страна, во 2009 година, на 15 години, Амге беше прогласена за најниска тинејџерка, а во 2011 година беше потврдена како најниска жена на светот.
Hitech
(Видео) Минијатурниот робот „Ербаи“ убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него
Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен „Ербаи“ успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.
Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот „Ербаи“ преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.
Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат „Ербаи“ како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено? Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Ербаи додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колега.
Çin’de 12 robot, başka bir robot tarafından kaçırıldı. pic.twitter.com/KlrUMVgs8F
— Farklı Gerçekler (@gerceklerfark) November 18, 2024
„Ербаи“ потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.
Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.
Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот „Хонгжу Ербаи“ и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.
Како што се испостави, „Ербаи“ го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Хонгжу, кој го дизајнираше Ербаи, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.
Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.
Бегството на „Ербаи“ среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.
Забава
Џуд Ло призна дека бил премногу платен за една од неговите улоги, а филмот доживеал целосен неуспех
Џуд Ло, познат по своите соработки со великани како Мајк Николс и Вес Андерсон, денес е синоним за успех во светот на филмот. Неговата кариера е обележана со независни одлични филмови и големи студиски блокбастери како Шерлок Холмс и Злосторствата на Гринделвалд. Сепак, Ло искрено призна дека една улога во неговата кариера не го оправдува хонорарот.
Откако ја стекна славата со улогата во „Талентираниот господин Рипли“, Џуд Ло стана едно од најбараните имиња во Холивуд. Но, неговата транзиција од независни филмови во комерцијални проекти го доведе до филмот Алфи од 2004 година, римејк на истоимениот класик од 1966 година.
Алфи, во режија на Чарлс Шајер, го следи животот на британски возач на лимузина во Њујорк, кој го доведува во прашање неговиот хедонистички начин на живот по аферата со девојката на неговиот пријател. Филмот беше значаен за Ло од неколку причини: тој се сретна со својата поранешна свршеница Сиена Милер на снимањето, а во исто време му донесе комерцијален успех бидејќи за улогата доби дури осум милиони долари.
Но, и покрај големиот буџет од 80 милиони долари, филмот заработи само 35 милиони, со што стана еден од најголемите неуспеси во неговата кариера.
Ло подоцна призна: „Веројатно бев преплатен за улогата. Филмот беше целосен неуспех”.
Интересно е што токму по Алфи Ло најде можност да се врати на своите корени. Неговиот следен проект беше „Блискост“, независна филмска продукција во режија на Мајк Николс, адаптирана од истоимената драма на Патрик Марбер. „Блискост“ стана клучен момент во неговата филмографија, ги подели критичарите, но го задрж статусот на класика.