Забава
Оливија Вајлд за врската со Хари Стајлс: Посреќна сум од кога било

Оливија Вајлд открива дека моменатно се чувствува посреќна и поздрава од кога било.
37-годишната актерка е во врска со поп-ѕвездата Хари Стајлс (27) и таа признава дека е посреќна и покрај лажниот наратив, како што рече, за нивната романса.
Запрашана дали би сакала да се осврне на негодувањата за нивната романса, холивудската ѕвезда одговори: „Очигледно е примамливо да се поправи лажна приказна. Но, мислам дека она што го сфаќаш е дека кога си навистина среќен, не е важно што мислат непознатите за тебе. Важно ти е што е реално, што сакаш и кого сакаш“.
Оливија и Хари се запознаа минатата година на снимањето на филмот Don’t Worry Darling.
Таа е децидна дека нема да дозволи никакви негативни коментари да ја поткопаат нејзината среќа.
Оливија, која има две деца – Отис (7) и Дејзи (5) со актерот Џејсон Судекис, изјави за списанието „Вог“: „Во изминатите десет години како општество многу повеќе го цениме мислењето на непознатите, а не на најблиските луѓе“.
„Посреќна сум од кога и да е,“ вели таа додавајќи дека среќата ѝ е силно поврзана со децата.
„Родителството ве принудува да бидете искрени за тоа како го живеете својот живот. Тоа ги става во остар, јасен фокус одлуките што ги носите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најголемите песимисти помеѓу хороскопските знаци

Некои луѓе секогаш очекуваат најлошо сценарио, без оглед на околностите. Според астрологијата, три хороскопски знаци најчесто се истакнуваат по песимизам:
Девица – Аналитични и перфекционисти, често заглавуваат во негативни мисли. Дури и кога сè е во ред, ќе најдат причина за грижа.
Јарец – Реалисти кои повеќе веруваат во борба отколку во среќни исходи. Секогаш се подготвени на разочарување.
Риби – Чувствителни и емотивни, но нивната имагинација лесно ги одведува во најцрни сценарија, па често делуваат тешко и несигурно.
Забава
„Патувачките баби“: Две 80 годишни пријателки го обиколија светот за 80 дена со буџет од 29 долари по ноќ

Кога пријателството ќе се роди од болка, понекогаш прераснува во најголема животна авантура. Таква е приказната на 84-годишните Елеанор Хамби и Сандра Хејзелип од Тексас, кои заедно ги освоија сите седум континенти за само 80 дена – со буџет од едвај 29 долари по ноќевање.
Елеанор и Сандра се запознале пред дваесетина години на медицинска мисија. Двете останале вдовици по трагични околности и токму тоа искуство ги зближило. Од тогаш, нивната врска станала нерскинлива – топлата и смирена Сандра и храброто, авантуристичко срце на Елеанор сфатиле дека ја делат истата страст: да го гледаат светот со радост и љубопитност.
@aroundtheworldat80 At age 80, I planned a once in a lifetime trip with my best friend. #aroundtheworld #friendship #bestfriends #aroundtheworldin80days #adventure #over60 #onceinalifetime @Penguin Random House @Penguin Books ♬ Breakaway – Kelly Clarkson
Тие патуваат по правило – никогаш прва класа.
„Во прва класа зборуваш само со туристи. Во втора класа ги запознаваш вистинските луѓе,“ вели Елеанор. Така престојувале во мали пансони и семејни куќи, често за цена пониска од 20 долари. Во Каиро, за 13 долари спиеле во скромна куќа со поглед на пирамидите.
„Феноменално,“ се сеќаваат – за таа цена ја гледале и светлосната претстава од покривот.
Нивното патување започнало на Антарктикот, а потоа како во романот на Жил Верн „Околу светот за 80 дена“, со авантуристички дух цртале патека преку светот. Патувањето станало вирален хит – луѓето ги нарекоа „патувачките баби“.
Денес, иако веќе не планираат повторно да го обиколат светот во трка со времето, Елеанор и Сандра продолжуваат да патуваат, само со помирно темпо. На 16 септември ќе ја издадат својата книга „Еве не тргнуваме: лекции за бестрашен живот од две патувачки баби“ (Here We Go: Lessons for Living Fearlessly from Two Traveling Nanas), во која ќе ги споделат животните лекции што ги научиле по пат.
„Мислевме дека ова е авантура само за нас, но луѓето од целиот свет ни дадоа љубов и поддршка,“ вели Сандра.
Нивниот совет е едноставен: „Светот е голем и прекрасен. Луѓето ве чекаат – само треба да им ги отворите срцата.“
Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.