Забава
Оливија Вилијамс: Харви Вајнстин се обиде да ме наговори на орален секс во заменa за „Оскар“
Оливија Вилијамс тврди дека поранешниот филмски магнат Харви Вајнстин се обидел да ја присили на орален секс за да ѝ обезбеди „Оскар“.
Актерката од „Шесто сетило“ (Sixth Sense) инсистира на таа дека никогаш не била нападната од некогаш моќниот холивудски продуцент, што смета дека се должи на фактот што таа „е градена како веслач“, но како и да е, тој ја искористи својата моќ да направи несакан пристап кон неа.
„Харви се обиде да ме маговори на ‘блоуџоб’ за Оскар. Но, тој не ме нападна. Можеби тоа беше затоа што со моите потпетици бев висока колку него и бев градена, како што рече едно момче, како веслач. Можеби бринетите со широки раменици и со законски родители не се по негов вкус“, рече таа во интервју за You Magazine.
Оливија набрзо открила дека тој им го предложил истото и на други актерки. „Брзо беше јасно дека тој се обидел со истиот предлог за blowjob со секоја актерка на која ѝ кажав што бара од мене“.
52-годишната sвезда тогаш не била свесна дека Вајнстин извршил сексуални напади врз други жени сè додека тоа не беше објавено во весникот „Њујорк тајмс“ во 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нина Бадриќ објави нови фотографии пред концертот во Арена: „И онака сè оди брзо“
Пред големиот концерт во загрепската Арена на 30 ноември, Нина Бадриќ објави нови фотографии на Инстаграм и се наврати на песната која ја развеселува во дождливите денови.
„Додека се подготвувам за Арена, оваа песна ми е кран во дождливите денови, да ја вклучам и да уживам во се максимално затоа што и онака сè поминува толку брзо“, напиша пејачката во описот на објавата, а станува збор за песната What a Fool Believes од рок групата The Doobie Brothers.
Забава
Актерите Горан Богдан и Јована Стојиљковиќ го добија своето прво дете
Актерот Горан Богдан (44) и неговата партнерка Јована Стојиљковиќ (32) го добија своето прво дете.
Среќната вест на социјалната мрежа Икс ја објави политичарот Ѓорѓе Микетиќ кој славеше со хрватскиот актер.
Горан и Јована ја кријат својата врска од очите на јавноста и ретко се гледаат заедно. Тие ја започнаа својата врска во 2019 година. Тие се запознале на снимањето на серијата „Сенки над Балканот“, а нивната врска стана позната кога Горан ја изненади Јована со голем букет цвеќе во Народниот театар во Белград по премиерата на „Нечиста крв“.
„Што се однесува до Јована и приватниот живот, тоа не го коментирам, никогаш, благодарам“, изјави своевремено Горан Богдан за медиумите.
Забава
Викторија Бекам го фотографираше Дејвид без маица во теретана, фановите и пишуваат: Ти си среќна жена
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ги покажа своите фотографии од теретана. Вежбаше во шорцеви и без маица. Фотографијата ја направи неговата сопруга Викторија која му правеше друштво во теретана.
„Вежбање за добро утро со мојата сопруга“, напиша тој покрај фотографијата.
Глетката ги воодушеви неговите обожаватели. „Најдобар начин да се започне денот“, „Викторија е многу среќна жена“, „Ти благодарам Викторија“, „Викторија, продолжи да го фотографираш, ние го сакаме тоа“, „Одлична фотографија Викторија“, „Во име на сите жени, благодарам Викторија“, се дел од коментарите.
Дејвид неодамна сподели како се опушта по напорната недела. Тој објави фотографија од сауна, на која позира во боксерки и со крпа околу вратот. „Ресетирање во петок“, напиша тој.
Викторија и Дејвид често објавуваат заеднички моменти на социјалните мрежи. Кога Дејвид објави фотографија од состанокот во лозје во Франција ова лето, таа ги насмеа сите со коментар под објавата.
„Што? Зошто мојата коса е портокалова? Дејвид, каков филтер е тоа?“, Викторија ја коментираше објавата.