Забава
Орландо Блум потроши 230.000 долари за електричен автомобил

Орландо Блум се почести со електричен автомобил „луцид ер“.
45-годишниот актер, кој има ќерка (18 месеци) со поп-ѕвездата Кети Пери и 11-годишен син со поранешната сопруга Миранда Кер, е забележан како го вози својот нов седан „луцид ер“ во Беверли Хилс на фотографии до кои дојде „Дејли мејл“.
Ривалот на Tesla Model S и Porsche Taycan се смета за иднина на одржлива мобилност, нов дизајн на луксузни електрични автомобили, што дополнително го реконструира искуството во возењето.
Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ е познат по неговите напори да ја подигне свеста за климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус привлече внимание на Оскарите, првпат на црвениот тепих со ново момче

Музичарите Мајли Сајрус и Макс Морандо дебитираа како пар на Оскарите во 2025 година.
Иако претходно заедно се појавуваа во јавност, парот никогаш не позирал заедно на црвениот тепих. Морандо не се појавува често на доделувањето на наградите.
Мајли и Макс се заедно четири години, пишува Вог, иако не се појавуваат заедно во јавност и не ги споделуваат своите приватни моменти на социјалните мрежи. Тие се запознале на состанок на слепо во 2021 година.
Две години подоцна тие беа видени заедно на ревијата на Версаче во Лос Анџелес. Минатата година парот заедно се пресели во Малибу.
Забава
Деми Мур ја избриша шминката и се почести со помфрит по Оскарите

Актерката Деми Мур, ѕвезда на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но наградата сепак и избега. Златната статуетка ја доби 25-годишната Мајки Медисон за улогата во филмот „Анора“.
По гламурозната вечер, Мур ја избриша шминката, се облече во бањарка и опуштено уживаше во голема порција помфрит.
Моментот го снимила нејзината ќерка Талула Вилис, која на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка во лежерна облека. „Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
Ким Кардашијан пристигна на забавата на Vanity Fair во венчаница

Ким Кардашијан ги заврте главите на после-забавата на Vanity Fair за Оскарите во 2025 година.
44-годишната реалити ѕвезда пристигна на забавата во фустан кој наликуваше на венчаница од брендот Баленсијага.
Таа, исто така, комбинираше минималистичка шминка, вклучувајќи нуд кармин и лесна шминка за очи, а косата ја врза во пунџа.
Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа за модниот изглед на Ким Кардашијан на забавата на Vanity Fair. Некои велат дека фустанот е во ред, додека други напишале дека изгледа како „тоалетна хартија“, „збрчкан чаршаф“ и „искористена салфетка“.