Забава
Орландо Блум сурфал со ајкула во придружба
На прв поглед секој може да помисли дека е сцена од „Ајкула“, хорор-филм на Стивен Спилберг за огромна бела ајкула која тероризира мала крајбрежна заедница.
Но, сликата на заканувачка ајкула која кружи околу штицата за сурфање на холивудската sвезда Орландо Блум е всушност реална, а актерот го привлече вниманието додека се движел низ водите на Пацификот крај брегот на Малибу.
Блум (44) сурфал со пријател кога Карлос Гауна снимил клип со голема млада бела ајкула како се движи во водата под него.
Актерот го тагна, односно го означи Гауна – локален фотограф кој стекна слава на социјалните мрежи со неговите преубави фотографии од зајдисонце околу Малибу.
„Супер ден, човеку“, напиша Карлос на објавата на Орландо. „Имаше убав поглед на голема млада бела ајкула. Среќно за тебе! Нешто што никогаш нема да го заборавиш. Многу мирна ајкула која се лади во Малибу!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ексклузивното музичко кабаре шоу „Нина“ на 15 февруари во Скопје – Љубов, љубомора, криминал и покајание
„Животот е ништо повеќе од шаховска партија. Таа секогаш се гледаше себеси како пион, сè додека судбината не ѝ понуди шанса да ја одигра играта како кралица.“
Денот на вљубените добива нова димензија кога на 15 февруари 2025, „Македонската опера и балет“, ќе блесне во светлината на ексклузивното музичко кабаре шоу „НИНА“ – спектакуларен перформанс, што го носи духот на Бродвеј и магијата на џез ерата директно во срцето на Скопје.
Фасцинантна приказна за обична девојка, која се соочува со избор – да продолжи да игра според правилата и да се бори со тешкотиите што животот ѝ ги наметнува или да и се спротивстави на судбината и да ја земе контролата во свои раце, по секоја цена. Љубов, љубомора, криминал, покајание – сето ова и многу повеќе ќе го видите во шоуто „НИНА“.
Гледачите ќе бидат маѓепсани од неочекуваните пресврти во приказната, детективските истраги, љубовните приказни и блескавите слики од холивудскиот живот. Шоуто ќе ве транспортира во гламурозната атмосфера на Бродвеј Кабаре, со сите негови раскошни костими, извонредна музика и стилски танцови изведби.
„НИНА“ е спектакл од големи размери и извонредно импресивно шоу од секој аспект. Благодарение на напорите на меѓународен тим професионалци, создадовме двокатна сцена со внатрешни лавиринти, обложена со големи ЛЕД екрани кои емитуваат специјално изработена видео содржина. Сценографијата што ќе ја сведочат гледачите е толку реалистична што во еден момент ќе ги почувствуваат ладните ветришта од затворската ќелија, во друг ќе се најдат како гости на најгласната свадба, а во третиот ќе ја почувствуваат удобноста на едно елегантно кабаре.
Кореографијата во шоуто „НИНА“ ќе ги изненади дури и најпребирливите гледачи со своите енергични групни точки, нежни дуети и акробации. Овој спектакл е вистински празник за сетилата, кој ќе ве држи во неизвесност од првата минута и нема да ве пушти до самиот крај!
Забава
Лејди Гага негира дека имала естетска операција, експертите тврдат дека направила нешто
Популарната пејачка Лејди Гага неколку пати во јавноста зборуваше дека се подложила на козметички третмани, но секогаш негирала какви било естетски зафати. Сепак, козметичките експерти забележале некои промени на нејзиното лице, пишува Дејли Мејл.
Нивното мислење е дека пејачката има направено естетски зафати, вклучувајќи ринопластика, отстранување на маснотии на лицето, па дури и операција за преобликување на аглите на очите.
Пластичниот хирург Џоел Копелман се сомнева дека Гага направила операција за затегнување на кожата. Истражувајќи ја нејзината трансформација во последните две децении, докторот анализирал нејзина фотографија од 2004 година, кога имала 18 години. Потоа забележал асиметрија во левиот горен очен капак во споредба со десниот и исполнетост на врвот на носот.
„Од 2010 година пејачката почнува да изгледа поинаку“, истакна тој и додаде дека можеби го оперирала носот бидејќи тогаш носот и изгледал потесен. „Исто така, нејзините усни изгледаат пополни, па може да се заклучи дека најверојатно користи некои филери за полнење и зголемување на усните“, додаде Копелман.
Ја анализирал и нејзината фотографија од 2011 година, кога имала 25 години. Забележал дека и се подигнати очните капаци и поради тоа заклучил дека можеби имала операција за подигнување на очните капаци. Со фотографија од 2015 година заклучил дека Лејди Гага најверојатно ги отстранува салото од лицето.
„Порано тоа беше шминка, но сега мислам дека има структурна промена“, додаде тој.
На фотографијата од 2018 година тој ја забележал симетријата меѓу нејзините очни капаци и така заклучил дека сигурно имала операција на очните капаци. Овој доктор верува и дека Гага користела филери на усните и под веѓите.
Забава
Парис Хилтон: Горда сум што сум сосема природна, се криев од сонцето
Парис Хилтон за време на гостувањето во шоуто Зак Санг изјавила дека никогаш не била подложена на никакви козметички зафати.
„Горда сум што сум целосно природна. Се држев настрана од сонце. Никогаш не сум инјектирала ботокс ниту сум имала каква било операција”, изјавила 43-годишната манекенка и претприемач.
Таа додаде дека нејзината мајка ја научила како да се грижи за својата кожа во детството. „Кога имав осум години, мајка ми ми рече: Парис, биди подалеку од сонцето“.
„Потоа ме внесе во неверојатна рутина за нега на кожата од 10 чекори, па буквално го правам тоа од својата осма година“, додаде таа.