Забава
Отворањето на „Барби“ во Јапонија нарушено со контроверзии во пресрет на годишнината од атомското бомбардирање
Јапонското отворање на кинохитот „Барби“ наиде на дополнителен неуспех во период кога се засилува онлајн-петицијата, која ги повикува холивудските студија да го отфрлат масовното маркетиншкото движење што го занемарува нуклеарниот холокауст.
Петицијата на Change.org собра повеќе од 16.000 потписи за два дена барајќи од „Ворнер брос“ и „Јуниверзал пикчрс“, студиото зад биографскиот филм за „Опенхајмер“, да го прекинат хаштагот „Барбенхајмер“, кој помогна филмот да стане глобален блокбастер.
Барби, со Маргот Роби во главната улога, заработи повеќе од 800 милиони долари на светските киноблагајни во првите 10 дена, а филмот за таткото на атомската бомба, физичарот Роберт Опенхајмер, кој почна да се прикажува во исто време со „Барби“, заработи над 400 милиони долари.
„Ворнер брос“ првично се приклучи на мемињата направени од фановите, а кои ги прикажуваат Маргот Роби и Килијан Марфи, кој го глуми Опенхајмер, заедно со слики со нуклеарни експлозии.

Но, фановите не се забавуваа во Јапонија, која во наредните денови ќе одбележи 78 години од нападите со атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки (6 и 9 август 1945 година).

„Ако некој треба да создаде илустрација или изведена уметност на ‘Барбенхајмер’, тоа не треба да биде Барби како ужива во облак од печурка“, напиша Коџи Марујама на веб-страницата Change.org.
„Барби никогаш не треба да биде лик што се радува на несреќа или трагедија“.
Хаштагот #NoBarbenheimer стана популарен на интернет, повторно објавуван повеќе од 100.000 пати, што го поттикна јапонскиот оддел на „Ворнер“ да упати ретка јавна критика кон својата матична компанија по што потоа следуваше извинување оваа недела.
Летната доминација на „Барбенхајмер“ натера милиони луѓе во светот да гледаат два филма, кои многу се разликуваат меѓу себе, и да уживаат во редок момент на културен спој. Но, во Јапонија безгрижното спојување на двата блокбастера предизвика гнев кај оние што сметаат дека се банализира смртта на стотици илјади во градовите Хирошима и Нагасаки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

