Забава
Откриена џиновска озонска дупка – седум пати поголема од онаа на Антарктикот
Над тропските региони е откриена озонска дупка седум пати поголема од озонската дупка на Антарктикот.
Но, според канадскиот истражувач Чинг-Бин Лу, таа постои од 1980-тите. Професорот Чинг-Бин Лу од Универзитетот во Ватерло во Онтарио ја откри оваа озонска дупка која опстојува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели (на 30 степени северна – 30 степени јужна географска ширина).
Длабочината на оваа тропска озонска дупка е споредлива со длабочината на добро познатата озонска дупка што се појавува на пролет над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.
Во средината на седумдесеттите, атмосферските истражувања покажаа дека озонската обвивка, која го апсорбира најголемиот дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да биде оштетена од индустриски хемикалии, пред сè хлорофлуоројаглероди (CFC), се вели во статија на порталот „Дискавери“.
Откривањето на озонската дупка на Антарктикот во 1985 година ја потврди штетата на озонската обвивка предизвикана од CFC. Иако забраните за такви хемикалии помогнаа да се забави осиромашувањето на озонската обвивка, новите докази сугерираат дека штетите опстојуваат.
„Тропските предели сочинуваат половина од површината на планетата и се дом на речиси половина од светската популација. Постоењето на тропска озонска дупка може да предизвика голема глобална нерамнотежа бидејќи осиромашувањето на озонот може да доведе до зголемување на УВ зрачењето на ниво на земја, што го зголемува ризикот од рак на кожата и катаракта, ги намалува земјоделските приноси и негативно влијае на чувствителните водни организми и екосистеми“, предупредува професорот Лу, истражувач на Катедрата за физика и астрономија, Катедрата за биологија и хемија на Универзитетот во Ватерло.
Откривањето на оваа озонска дупка, која опстојува во текот на целата година над тропските предели, беше изненадување за научната заедница, бидејќи врз основа на постоечките конвенционални фотохемиски модели, никој не го ни погоди нејзиното постоење.
Губењето на озонот води до стратосферско ладење, така што постоењето на тропска озонска дупка во текот на целата година и сезонски поларни озонски дупки е еквивалентно на формирање на три „температурни дупки“ во долната стратосфера на Земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

