Забава
Откриено како Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис

Губењето на чувството за мирис е еден од најчестите и најрани симптоми на Ковид-19, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за овој феномен.
Според „Скај њуз“, утврдено е дека сензорните неврони што го детектираат мирисот и го пренесуваат до мозокот не се меѓу клетките за чувство за мирис, кои се зафатени од коронавирусот.
Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои овозможуваат метаболичка и структурна поддршка на овие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Харвард“, кои исто така наведуваат дека губењето на чувството за мирис предизвикано на овој начин не е трајно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ѕвездата на „Чувари на плажата“ сподели приказна за жена која је демнела 13 години

Актерката Александра Пол, најпозната по нејзината улога во популарната серија Чувари на плажата „Baywatch“, сподели застрашувачка приказна за една жена која 13 години го претворала нејзиниот живот во пекол.
Во интервју за „Д Анклер“ , актерката откри дека се работи за опседната обожавателка која била 20 години помлада од неа.
Имено, приказната започнала во декември 2011 година, кога непозната жена и нејзиниот брат дошле во нејзината куќа во Пацифик Палисадес. Жената ја замолила Пол да го пушти момчето, кое наводно живеело три часа подалеку, да оди во тоалетот.
„Отсекогаш сум била личност која сака да помогне, па ги поканив внатре. Имавме краток разговор и ја запознав со мојот сопруг Иан додека момчето беше во бањата“, се присетува актерката.
Иако првата средба била сосема нормална, ситуацијата набрзо станала многу вознемирувачка. Жената ѝ оставила неколку пораки и чоколади на вратата, а со трета порака барала момчето да се врати во нивниот дом и да и подари цртеж. Сопругот на Александра, Иан Мареј, се јавил на жената и ја замолил да ги остави на мира, на што таа се согласила. Сепак, мирот не траел долго.
Девет месеци подоцна, непозната жена пронашла куќа во близина на Александра и ја изнајмила. Оттогаш, случајно се сретнале во теретана, на базен, а набрзо Пол сфатила дека жената доаѓа во теретана во исто време со неа и седи до неа на справите за вежбање.
„Ја предупредив управата на салата, но тие не можеа да направат ништо. Потоа ја напуштив салата бидејќи не можеа законски да побараат од неа да замине“, рече таа.
После тоа, Пол била принудена да поднесе забрана за приближување бидејќи жената еднаш физички ја спречила да излезе од својата гаража. И покрај забраната, жената 29 пати го прекршила судскиот налог.
„Нејзиното однесување се промени од обожавање во омраза кон мојот сопруг, и таа почна да ме убедува дека треба да се спасам од него. Понекогаш тврдеше дека сум заљубена во неа“, рекла актерката.
Жената дури испратила вознемирувачки пораки до семејството на актерката, вклучително и порака на девет страници до мајката на Александра, во која тврдела дека и’ е „таен љубовник“ на нејзината ќерка и дека треба да се спаси од нејзиниот насилнички сопруг.
По долгогодишни закани и малтретирање, жената конечно била фатена и депортирана во Германија бидејќи илегално била во САД. Сепак, таа не се откажала. Продолжила да им се заканува на Пол и Мареј, дури и поднела тужба против актерката, тврдејќи дека се обидела да ја убие, што не се случило.
Откако жената го вратила пристапот до САД, ситуацијата се влошила. Таа почнала да шири сериозни обвинувања против Мареј на социјалните мрежи, вклучително и тврдења дека тој е педофил.
Набргу потоа, парот забележал жена која ги следи од комбе паркирано пред нивната куќа. Мареј ја фотографирал регистарската табличка на возилото, а жената, според зборовите на Александра, се обидела да го удри со возилото, по што имал модринки.
Низ сите тие години, Александра и нејзиниот демнач се сретнале неколку пати, вклучително и на суд, бидејќи жената континуирано ги прекршувала наредбите за забрана.
„Беше фрустрирачки, одземаше време. Но, најлошото беше што беше навистина морничаво“, рекла Пол.
По 11 години постојани закани, Александра и Иан решиле тајно да се преселат во друга земја, менувајќи го идентитетот и објавувајќи го својот нов дом под лажно име. Но, жената ги нашла и повторно почнала да шири сериозни обвинувања во нивното соседство. ФБИ брзо го презеде случајот, бидејќи жената ја преминала државната линија, а девет месеци подоцна била уапсена.
Забава
Хајди Клум со раскошното деколте ги привлече сите погледи во Њујорк

Моделот Хајди Клум ги привлече сите погледи на улица во Њујорк.
Таа прошета низ Менхетен во деколтирана јакна и проѕирно здолниште.
Хајди моментално е во Њујорк на снимање на новата сезона на „Проџект Ранвеј“.
„Проџект Ранвеј“ е американско реално шоу кое им дава можност на талентираните модни дизајнери да се натпреваруваат во креирање облека преку различни предизвици, демонстрирајќи ја својата креативност и технички вештини.
Секоја недела, дизајнерите ги презентираат своите креации на модната писта пред комисија од судии, кои ја оценуваат нивната работа и одлучуваат кој ќе продолжи во натпреварот, а кој ќе биде елиминиран. Водител на шоуто беше супермоделот Хајди Клум од неговото основање во 2004 година до 2017 година, а сега се враќа како водител во 21-та сезона во 2025 година по осумгодишна пауза.
На почетокот на јануари оваа година, Хајди присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус со нејзиниот сопруг, германскиот музичар Том Каулиц.
Хајди се прошета на црвениот тепих во лелеаво зелен фустан кој го истакна нејзиното деколте, но нејзиниот моден избор не им се допадна на многу корисници на социјалните мрежи.
„Кој и го направи ова да не го повтори“, „Превулгарно за ваков настан“, „Толку убаво облечени жени, а таа не е ништо…“, беа коментарите на „Икс“.
Забава
Вереницата на милијардерот Џеф Безос со бизарен додаток од 5.755 долари

Лорен Санчез, која моментално се подготвува за венчавката со милијардерот Џеф Безос, неодамна покажа посебен моден додаток – имено, носеше чанта „Баленсиага“ од 5.755 долари во форма на шолја за кафе.
Чантата наречена „9 АМ Клач“ е реплика на белата порцеланска шолја за кафе на модната куќа од 125 долари, дизајнирана да личи на хартиената и пластичната.
Кожената чанта е изработена од телешка кожа и на предната страна е врежано логото на „Баленсиага Париз“. Се отвора и затвора исто како чаша со капак, кој во овој случај е прикачен на дното.
Санчез, која неодамна беше фотографирана како заминува од состанок во Студио Сити, Калифорнија, се насмевна додека го покажа својот уникатен додаток.
Поранешната телевизиска новинарка ја спои чантата со темен тексас фустан и кафен ремен кој и го истакнува струкот. Својот изглед го комплетираше со кафеави потпетици и кафени очила за сонце, а долгите темни прамени ги носеше во опуштен стил.
Кога станува збор за „Баленсиага“, модниот бренд е познат по своите бизарни додатоци кои чинат илјадници долари – од нараквица во форма на селотејп до торба што имитира кеса за ѓубре.
Свадбата на Лорен Санчез и основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, би можела да биде еден од најгламурозните настани во годината. Според информациите кои ги откри „ТМЗ“, на чело на листата на гости се најпознатите имиња од светот на шоубизот.
На листата на гости се големи ѕвезди како Ева Лонгорија, Кети Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и Џевел. Поканети беа и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и познатата манекенка Карли Клос со нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер.