Забава
Памела Андерсон се разведува од петтиот сопруг

Памела Андерсон наводно се разделила од сопругот, објавија американски таблоиди.
Истите извори пренесуваат дека актерката од Baywatch поднела барање за развод од Ден Хејхерст во нејзината родна Канада, каде што парот живееше по венчавката на Бадник во 2020 година по жешката романса.
„Памела сака автентично и живее автентично“, изјави извор близок до неа за списанието „Ролинг стоун“.
Инсајдерот ја опиша кратката врска на парот како „пандемиски виор“ што згасна.
54-годишната ѕвезда беше во брак со Томи Ли – татко на нејзините синови Брендон (23) и Дилан (22) – само четири дена по запознавањето во 1995 година, но тие се разведоа во 1998 година.
Потоа таа се омажи и се разведе од Кид Рок во 2006 година. Следната година се омажи за Рик Саломон, но нивната заедница беше поништена, сепак парот се венча повторно во 2013 година, но таа поднесе барање за развод на почетокот на 2015 година.
Во јануари 2020 година Памела се омажи за холивудскиот продуцент Џон Питерс, но тие се разделија помалку од две недели подоцна и таа инсистира на тоа дека нивната заедница никогаш не била правно обврзувачка.
Русокосата убавица моментно престојува во Малибу и го поминува времето со своите синови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.