Забава
Пенелопе Круз изгледа беспрекорно на гала свеченост во нејзина чест
Сите погледи беа вперени кон Пенелопе Круз кога пристигна во Музејот на модерна уметност во Њујорк во вторникот на свеченост за оддавање почит на нејзината кариера.
Покрај фановите, 47-годишната шпанска актерка беше поздравена од некои нејзини колешки, вклучувајќи ги Ребека Хол, Ен Хатавеј, Дајан Кругер и други.
Прекрасната Пенелопе уште еднаш докажа дека годините се само бројка и дека како минуваат, таа изгледа сè подобро. Таа на себе има елегантен црвен фустан со отворен грб. Својот изглед го дополни со обетки обложени со дијамант.
„Шанел“ го претстави синоќешиот настан во Музејот на модерна уметност и го истакне придонесот на Круз во забавната индустрија.
Во текот на четиринаесеттата годишна свеченост 2021 Film Benefit што се одржува во Њујорк ќе има проекции на филмови на Круз од 19 до 30 ноември. Фановите на актерката ќе можат да уживаат во Everybody Knows, Volver и Blow.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кузмановиќ, по победата, истрча до својата девојка и страсно ја бакна
По блескавата игра и победата над Франција, хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ притрча до својата девојка и страсно ја бакна.
Двојката не можеше да ги сокрие емоциите откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во ракомет.
И на претходните мечеви девојката од трибините му даваше поддршка на Кузмановиќ.
А тој по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство истрча до својата девојка која беше на трибините.
И победата над Словенија ја прослави со бакнеж. Истото го направи откако ги победија Унгарците. Убавата бринета која го заведе Доминик по професија е економист, а Доминик нема фотографии со неа на својот Инстаграм профил, па не се знае многу за неа, пренесуваат хрватските медиуми.
Забава
Ричард Гир неодамна се пресели во Шпанија, сега таму ќе добие филмска награда
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада, што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа исто така ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за разни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселија во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот „Ел“ на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.
Забава
(Видео) Позната актерка: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години
Актерката Џенифер Лав Хјуит гостуваше во поткаст во кој присети на времето кога била сексуализирана во медиумите како тинејџерка.
„Кога имав 16 години, возрасните зборуваа за моите гради на ток-шоуа и луѓето ми се смееја. Тоа беше целосно прифатена култура, но кога ќе седнете и ќе погледнете каде сме сега во споредба со местото каде што бевме тогаш, навистина е зачудувачки“, опиша Џенифер.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше навистина чудно да се стане секс симбол пред да знам што значи тоа. Не знаев што значи да се биде секси“, истакна таа. Рекла и дека добила непријатни коментари за појавувањето на насловната страница на магазинот „Максим“ на 17 години, истакнувајќи дека тоа и било „малку одвратно“.
Оваа 45-годишна актерка е најпозната по улогите во серијалот филмови I Know What You Did Last Summer. Откако се појави во нив, таа вели дека добивала шеги како „Знам што правеа твоите гради минатото лето“.