Забава
Пивото без алкохол станува сè попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол стана сè попопуларно во последниве години, дури и на Октоберфест.
Во Минхен на 21 септември свечено беше отворен традиционалниот фестивал Октоберфест, 189-ти по ред, а до 6 октомври ќе продефилираат милиони љубители на пивото. Сепак, годинава цените на пиво ги уриваат сите рекорди, поради што голем број посетители отворено протестираат.
Цената на половина литар пиво чини од 13,60 до 15,30 евра, па многу пивопијци ќе мора умерено да го пијат омилениот пијалок за да не останат со празни џебови.
Настанот започна со градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, кој традиционално го чука првото буре пиво, со што го означи 189-от почеток на фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бред и Инес привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу
Актерот Бред Пит (60) и неговата девојка Инес де Рамон (31) привлекоа внимание на хуманитарен настан во Малибу.
Двојката учествуваше на настанот Rock4EB на EBMRF, кој имаше за цел да собере средства за истражување и третман на ретка состојба на кожата – epidermolysis bullosa.
За оваа пригода, Бред и Инес ги координираа своите аутфити. Актерот носеше бела кошула и беж панталони со жолт кариран дезен, додека Инес избра бела маичка со тенки прерамки и беж панталони.
Забава
Бен Афлек се бореше со зависност од алкохол, сега е виден во центар за рехабилитација
Бен Афлек ги загрижи своите фанови откако во јавноста се појавија фотографиите направени од американските папараци. Тие, всушност, го прикажуваат славниот актер како заминува од центар за рехабилитација во Калифорнија.
Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето кои се борат со разни зависности.
Од претходно е познато дека Бен неколку пати бил на лечење и на одвикнување од алкохол.
На тој чекор прв пат се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од оваа зависност.
Забава
Ева Лонгорија на модната недела во Париз во необична комбинација
Модната недела во Париз започна и ќе трае до вторник, 1 октомври.
Меѓу првите што пристигна беше Ева Лонгорија. 49-годишната актерка привлече внимание при излегувањето од хотелот. Таа носеше проѕирен фустан со кој искомбинира црна јакна и црни чевли.
Имаше минимална шминка, а косата и беше пуштена. Лонгорија со години е позната како една од најелегантните и најатрактивните жени во Холивуд.