Забава
Пирс Морган: Меган Маркл продолжува да ја експлоатира кралската титула
Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“, Пирс Морган, повторно вeрбално ја нaпадна војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за користење на кралската титула војвотка од Сасекс во нејзината книга The Bench („Клупата“).
Морган (56) е гласен критичар на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари, војводата од Сасекс, откако минатата година донесоа одлука да се повлечат од должностите како високи членови на кралското семејство.
Во неговата најнова колумна за „Мејл онлјн“, Пирс продолжува со своите критики кон војвотката, сега не му се допаѓа што таа ја користи кралската титула во нејзиниот најнов потфат – книга за деца, на чија корица стои името на авторот Меган, војвотка од Сасекс.

„Кога станува збор за камшикување со нејзината книга, кое име на автор го користи Меган Маркл?“, пишува тој во својата колумна. „Ах, секако: Меган, војвотката од Сасекс“.
„Да, таа продолжува цинично да ги експлоатира своите кралски титули затоа што знае дека тоа е единствената причина што некој ѝ плаќа огромни пари за да го публикува својот бренд на побожни измислици во документарци на ‘Нетфликс’, објави на ‘Спотифај’ или детски книги“.
„Се разбира, на нејзините еднакво цинични издавачи не им е нималку гајле за овој шокантен двоен стандард“.
Морган и претходно ги критикува Меган и Хари поради користење на нивните кралски титули во новите претприемачки потфати.

Меган, војвотката од Сасекс, следниот месец ќе објави детска книга за односот татко и син. Најавувајќи го своето дело минатиот вторник, Меган рече: The Bench почна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Од таа песна никна оваа приказна.
Војводата и војвотката од Сасекс сега живеат во Калифорнија со својот син Арчи Маунтбатен-Виндзор и го чекаат раѓањето на второто дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Роналдо отворено зборуваше за свршеницата: Таа е единствена, се грижи за мене и за куќата – тоа е она што го барам
Кристијано Роналдо неодамна конечно се сврши со својата долгогодишна партнерка, Џорџина Родригез, а сега зборуваше подетално за нивната врска.
Прославениот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез често се предмет на медиумско внимание. Убавата Џорџина обожава да привлекува внимание со својот изглед, а луксузот со кој се опкружени е секогаш во центарот на вниманието.
Сепак, тие, како и многу други, имаа тешки моменти низ кои поминаа како семејство. Роналдо зборуваше за ова во гостување кај Пирс Морган.
Фудбалерот откри дека трагичната загуба на нивниот син Анхел, кој почина веднаш по раѓањето, ги зближил многу.
„Чувствувам дека секогаш се поддржуваме еден со друг. Понекогаш во врската имате добри моменти, а понекогаш и тешки моменти. Тоа е дел од патувањето, но веројатно ја зајакнавме нашата врска уште повеќе во тој период. Мора да најдете рамнотежа за сè, и во добрите и во лошите моменти“, беше искрен фудбалерот.
Роналдо призна дека децата многу го промениле и дека научил многу, дури и од болни ситуации.
„Искрено, научив многу. Го видов животот од поинаква перспектива, мојата ќерка сега има три години и таа е кралица на семејството, таа е онаа што ја прави куќата среќна. Сè се случи со причина, верувам во тоа. Ние сме благословено семејство, верувам во тоа“, заклучи Роналдо.
Тој се осврна и на Џорџина. „Има толку многу добри работи кај неа што ги сакам. Верувам дека е единствена по тоа што се грижи за мене, што е многу важно. Се грижи за семејството, за куќата, а тоа бара многу работа. Таа е посебна за мене затоа што, покрај нејзините квалитети, нејзиното тело и сè што сакам, таа е личност што ме разбира. Тоа е она што го барам“, рече Роналдо.
фото: ЕПА
Забава
(Видео) Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things: сè се враќа на почеток
„Нетфликс“ ги објави првите пет минути од долгоочекуваната петта и последна сезона на хит серијата „Stranger Things“, дополнително поттикнувајќи ја возбудата кај обожавателите пред нејзината премиера овој месец.
Видеото ги враќа гледачите во 1983 година, на самиот почеток на приказната кога Вил Бајерс првпат исчезна. Премиерната епизода, насловена како „Ползењето“, започнува со сцена сместена во злокобниот The Upside Down, каде што во близина се крие Демогоргон.
Атмосферата станува исклучително напната кон крајот на клипот, кога се појавува главниот негативец Векна. Тој го заробува Вил, му се приближува и го допира по лицето со злокобните зборови: „Конечно, можеме да започнеме. Ти и јас, ќе правиме толку убави работи заедно.“
На премиерата, што се одржа вчера во Холивуд, се собра целата екипа. Ѕвезди и гости прошетаа по црвениот тепих, меѓу кои и Мили Боби Браун, Дејвид Харбор, Винона Рајдер и многу други. Петтата сезона на „Stranger Things“ ќе започне да се емитува на 26 ноември.
Забава
(Видео) Тејлор Свифт објави ремикс на хитот The Fate of Ophelia
Тејлор Свифт подготви уште едно музичко изненадување за своите обожаватели објавувајќи нова верзија на својот хит The Fate of Ophelia.
Новиот ремикс, потпишан од дуото Loud Luxury, пристигнува малку повеќе од еден месец по објавувањето на нејзиниот албум The Life of a Showgirl. Луѓето се воодушевени од новата верзија, а бројот на коментари под видеото на „Јутјуб“ постојано расте.
„Предобро“, „Ја слушам на ‘репит’“ и „Ја обожавам“, се само дел од пофалбите.
Во меѓувреме, оригиналната верзија на песната The Fate of Ophelia продолжува да доминира на музичките топ-листи обележувајќи ја својата четврта последователна недела на првото место на топ-листата „Хот 100“ минатата недела. Нејзиниот албум The Life of a Showgirl исто така цврсто се држи на врвот по поминати четири недели на првото место на топ-листата „Билборд 200“.
За што е песната?
Тејлор пее за млада жена од високото општество, која под огромен притисок од патријархалниот свет се заљубува и е уништена од него. Нејзиното семејство ѝ наредува да го заборави мажот што го сака, а нејзините емоции се користат против неа. Нејзиниот живот е доминиран од мажи што се обидуваат да ја контролираат, а таа наоѓа сила пеејќи за својот гнев, дури и кога ја нарекуваат луда.

