Забава
„Плејбој“ престана да се печати
Списанието „Плејбој“ го затвори печатеното издание во екот на пандемијата на коронавирус.
По 66 години, списанието ќе продолжи да ги објавува своите содржини само на интернет, со повремено специјално издание, кое ќе излегува во печатена форма.
Магазинот, кој со децении беше синоним за сексуалната револуција преку мешавина на голи фотографии и најразновидни содржини, ќе го заврши своето печатење во САД по речиси седум децении, објави „Плејбој ентерпрајз“.
Списанието, кое со години се бореше за профитабилност, особено по смртта на неговиот основач, Хју Хефнер, во 2017 година, на крајот стана жртва на пандемијата на коронавирусот, која го зафати светот.
Хју Хефнер, основачот на списанието за возрасни „Плејбој“, почина на 91-годишна возраст.
Хефнер почна да го издава „Плејбој“ во 1953 година. Списанието стана најдобро продаваниот магазин за мажи во светот. Во најдобрите години се продаваа по 7 милиони примероци месечно. Во првото издание беа објавени голи фотографии од Мерилин Монро, кои Хефнер ги откупил за 200 долари. Издавањето на магазинот од Хефнер направи милионер, кој подоцна го прошири бизнисот со казина и ноќни клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мишел Обама го откри прашањето што никогаш не им го поставува на своите ќерки
Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, често е предмет на медиумско внимание кога станува збор за нејзиниот брак со Барак, а имаше многу пишувања за наводни афери кои не успеаја да ги „размрдаат“ сопружниците.
Сега, во гостувањето во подкастот „Call Her Daddy“, Мишел се осврна и на некои методи на родителство, со оглед на тоа што има две ќерки, Малија и Саша.
„Мислам дека сè започнува со потсвесните пораки што им ги испраќаме на нашите девојчиња. Имам две прекрасни ќерки. И, знаете, понекогаш се истрчувате и помислувате дека би можеле да прашате ‘дали се гледате со некого?’. Да не дозволиме тоа да биде прво или второ прашање, ајде дури и да не го поставиме“, рече таа.
Мишел Обама изјави дека го доживува ова прашање како еден вид несигурност на мајките затоа што „децата изгледаат среќни, но дали сè уште имаат дечко?“ Се чини незначително, но всушност претставува голем притисок врз животот на една млада жена.
„Гледате како сите се мажат и се женат. Затоа мислам дека треба да бидеме свесни за начинот на кој поставуваме прашања, не само на нашите ќерки, туку и на нашите синови. Треба да ги одвоиме нашите стравови и несигурности како родители од нашите деца“, додаде Мишел.
Забава
Ако сте родени под овие три хороскопски знаци – бидете внимателни, имате многу непријатели
Некои хороскопски знаци привлекуваат конфликти и несакани погледи дури и кога не сакаат, а дали и вие сте еден од нив?
Нивната личност, став или начин на изразување честопати ги става во ситуации каде што се погрешно разбрани, неправедно осудувани или едноставно – премногу за другите луѓе.
Овие хороскопски знаци честопати не прифаќаат компромиси, не толерираат авторитет, го кажуваат своето мислење и не се кријат зад разубавени зборови. Ова ги прави харизматични, но и мети.
Тие не создаваат непријатели намерно. Доволно е да бидат тоа што се – и веќе на некого му пречат.
Овен
Овенот е познат по својата импулсивност и директност. Не размислува предолго пред да каже што мисли, и често го прави тоа без никакво разубавување. Нивната енергија е силна и продорна, па затоа е лесно другите да се чувствуваат загрозени во нивно присуство.
Иако обично не мислат ништо лошо, многу луѓе ги перцепираат нивните зборови и постапки како напад – а Овенот продолжува понатаму, не сфаќајќи дека оставил трага.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни, проницливи и не толерираат површни односи. Тие не одат „малку по малку“ со нив – или вие одите длабоко или воопшто не одите. Луѓето околу нив често се чувствуваат прочитани, изложени и несигурни. Тие имаат моќ да ја погодат нечија слаба точка само со неколку реченици.
Додека некои ги обожаваат поради ова, други ги избегнуваат – или им замеруваат што не се лесно освоиви.
Водолија
Водолиите се бунтовници по природа. Тие не ги следат правилата, не им се допаѓаат на властите и не го прават она што го прават сите други. Тие размислуваат сами – и гласно.
Поради ова, тие често имаат впечаток дека оние околу нив не ги разбираат и често ги осудуваат. Нивната слобода и независност им пречат на оние кои го сакаат редот и структурата. А кога одбиваат да „припаѓаат“, тие стануваат цел.
Забава
(Фото) Бруклин Бекам и неговата сопруга во јавност за прв пат по скандалот
Бруклин Бекам и Никола Пелц Бекам беа фотографирани на романтична прошетка на плажа само неколку дена по скандалот што го потресе семејството Бекам, а и светот.
На фотографиите што беа ексклузивно објавени од „Page Six“, ги гледаме вљубените како шетаат на плажата во Малибу, Калифорнија, а нивното крзнено милениче им правеше друштво.
Brooklyn Beckham and Nicola Peltz hold hands on romantic stroll in first photos since brutal tirade against his parents https://t.co/gcsMKOTEMz pic.twitter.com/YPjP19bGOR
— Page Six (@PageSix) January 22, 2026
Двојката цело време се држеше за раце и не ја криеше својата нежност, а судејќи според фотографиите, на Бруклин не му е баш лесно поради моменталната ситуација. Имено, најстариот син на семејството Бекам изгледа доста „запоставено“, односно му пораснала брадата, а тоа не е изгледот што досега го покажуваше јавно.
Како и да е, Бруклин ја прегрна сопругата во еден момент за време на прошетката, а подоцна застана да ја фотографира додека позира со нивното куче.
Нивното заедничко појавување во јавноста доаѓа само неколку дена откако Бруклин објави бројни критики кон целото семејство Бекам.
Тој изјави дека неговиот живот досега бил контролиран од неговите родители, и дека сега, конечно, е ослободен од тие ограничувања.

