Забава
Повторно на аукција фустанот во кој Леди Ди танцуваше со Траволта
Фустанот што принцезата Дајана го носеше кога танцуваше со Џон Траволта на свечена вечера во Белата куќа повторно ќе се најде на аукција на 9 декември, објави лондонската аукциска куќа „Кери Тејлор“.
Леди Ди носеше долг кадифен темносин фустан со големо деколте дизајниран од Виктор Еделштајн за време на посетата на Соединетите Држави во 1985 година на свечената вечера што ја приреди тогашниот претседател Роналд Реган во чест на кралската двојка.
Фустанот го привлече вниманието на јавноста кога покојната принцеза танцуваше во него на подиумот на Белата куќа со холивудската ѕвезда Џон Траволта. Фустанот веќе беше продаден на аукција во 2013 година на анонимен понудувач кој го купил како изненадување за неговата сопруга.
Сопственичката на аукциската куќа тврди дека принцезата Дајана пред да отпатува во Соединетите Држави изразила желба да танцува со славниот актер. Се проценува дека фустанот ќе се продаде за 250.000 до 350.000 фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

