Забава
Познати се првите резултати од обдукцијата на Метју Пери
Метју Пери не умрел од предозирање со фентанил или метамфетамин, пренесува „TMZ“.
Станува збор за две тешки дроги – фентанил која уште се нарекува и дрога „зомби“ која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.
Првите обдукциски тестови покажаа дека славниот Чендлер од „Пријатели“ немал ниту еден од овие две дроги во својот организам.
Сепак, „TMZ“ наведува дека е важно да се напомене дека сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсикологијата за да се анализира дали имало други нелегални лекови во неговата крв и дали нивото на лековите кои се издаваат на рецепт биле во штетни дози.
Овие резултати веројатно ќе траат од 4 до 6 месеци, а кога ќе се соберат сите овие информации, судскиот вештак ќе ги утврди причината и начинот на смртта.
Медиумот потсетува дека Метју почина на 28 октомври на 54-годишна возраст, во џакузито на неговата вила во Лос Анџелес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Без шминка и облека: Речиси голата Адријана Лима ги помати умовите на многу луѓе
Имавме можност да ја видиме познатата Адријана Лима дотерана од глава до пети во неколку наврати. Неодамна ја следевме во секси кампања за долна облека, но сега реши да ја покаже и својата друга страна.
Таа објави компилација од фотографии без шминка на социјалните мрежи, а ние можеме да кажеме само едно – таа ја има титулата најфатална Бразилка со причина.
Лима позираше во кревет, речиси гола, а нејзината природна убавина привлече внимание. Носеше само крпа за бањање и изглед на вистинска заводничка што привлекува воздишки и погледи.
Коментарите од обожавателите само продолжуваа, а многумина ѝ велеа едно нешто – дека навистина е убава!
„Толку си убава“, „Најубавата жена на светот“, „Боже, каква убавина“, се само дел од коментарите…
Забава
(Видео) Длабокото деколте не мора да биде вулгарно, а таа знае како да го носи
Овогодинешните БАФТА награди во Лондон одамна завршија, но некои од креациите на познатите личности сè уште привлекуваат големо внимание од јавноста.
На пример, Ема Стоун ни покажа како да носиме длабоко деколте кое не е вулгарно. Таа прошета по црвениот тепих во тесен фустан од Луј Витон со долг дел што се влече и едноставни детали.
Самата креација го комбинира класичниот крој на црната облека и секси деколтето. Исто така, отворениот грб не треба да се изостави, што му даде на целиот стил драматичен шмек.
Ема го комплетираше својот изглед со дискретна шминка во земјени тонови, но и со добро средена фризура – ниска пунџа која ја истакнуваше нејзината природна убавина.
Со овој потег, актерката докажа дека длабокото деколте може да биде пријатно за очите на јавноста – но само ако е паметно комбинирано со други модни детали.
Забава
(Видео) Хали Бери одлучна: „Не сакам повеќе да глумам оргазам“
Хали Бери е сè уште тема на вниманието на јавноста. Неодамна, таа ја потврди веста дека е свршена и дека е подготвена за својот четврти брак. Сега таа одлучи да продолжи со низа изненадувачки детали од нејзиниот приватен живот и се осврна на темата за нејзината спална соба. Или поточно, темата за оргазмот.
Актерката неодамна се појави во подкастот „Sex With Emily“ и откри дека ставила крај на добро воспоставената практика.
„Веќе не го правам тоа. Стигнав до точка каде што глумев оргазам за да се чувствува добро. И што навистина постигнуваме со тоа? Ги ставаме неговите потреби пред нашите“, објасни таа, додавајќи:
„Сега велам: ‘Не, јас сум на прво место, исто како што ти се ставаш себеси на прво место’. И двајцата заслужуваме ова да биде заемно пријатно искуство, да можеме да се превртиме и да заспиеме затоа што се чувствуваме добро, а не едната личност да рчи, а другата да гледа во таванот и да се прашува: ‘Што по ѓаволите беше тоа?’“, заклучи таа.
Таа беше во целибат 4 години
Интересно е што познатата актерка беше во целибат 4 години пред да го запознае својот сегашен свршеник Ван Хант.
„Морав целосно да се посветам на себе, да бидам сама, да растам и да ја сфатам мојата вредност“, изјави таа за The Times. „Заклучив дека ако не се појави вистинската личност, ќе останам сама. И тоа беше сосема во ред со мене“, рекла таа во тоа време.
Сепак, судбината имаше други планови за неа и таа е подготвена да се омажи по четврти пат.

