Забава
Пол Рад: Мојата сопруга ќе го избереше Кијану Ривс за најсекси маж на светот, и јас би гласал за него
Актерот Пол Рад ја носи титулата најсекси маж за 2021 година, но ако ја прашате неговата сопруга, можеби некој друг бил позаслужен за оваа титула на магазинот „Пипл“.
Пол Рад се пошегува дека во анкетата на „Пипл“ неговата сопруга Џули Јиџер ќе гласала за Кијану Ривс наместо за него.
52-годишниот актер разговараше со Extra во њујоршкиот театар AMC Lincoln на премиерата на новиот филм „Истерувачи на духови: Задгробен живот“, во кој тој го глуми господин Груберсон.

„Таа ќе гласаше за Кијану Ривс… тој е Кијану, јас би гласал за него!“ изјави Пол.
Актерот и 53-годишна продуцентка се во брак од 2003 година и имаат две деца, синот Џек (17) и ќерката Дарби (12).
Пол претходно изјави за „Пипл“ дека неговата сопруга се зачудила кога дознала за оваа титула.
„Џули имаше симпатична реакција на веста, по мало кикотење и шок, таа рече: добро направиле. И тоа беше многу слатко. Таа веројатно не ја кажуваше вистината, но што да рече?“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

