Забава
Поранешната сопруга на Де Ниро му врши притисок и ја отежнува постапката за развод
Роберт де Ниро моментно поминува низ развод со Грејс Хајтауер, стјуардеса со која се венча во 1997 година. Ова не е првпат да одлучат да се разделат. По раѓањето на синот Елиот во 1998 година, тие одлучија да се развeдaт, но се смирија во 2004 година и беа заедно до крајот на минатата година.

Иако сè можеше да помине мирно, Грејс одлучи да му ја отежне целата ситуација на поранешниот сопруг. Според „Пејџ сикс“, таа не престанува да врши притисок врз Де Ниро да ги предаде документите за нивниот развод на суд и да ги информира медиумите и фотографите за тоа.
„Ова може да се реши на тивок и приватен начин зад затворени врати, но Грејс сака овој случај да се протега низ медиумите”, рече близок пријател на двојката. Исто така, при влегувањето во судницата, Де Ниро му дофрлил на еден од фотографите: „Не си бистар кога ја вршиш работата што ја вршиш”.

Адвокатот на стјуардесата тврди дека актерот бил оној кој ги предал сите документи и започнал постапка за развод. Двојката потпиша предбрачен договор пред свадбата, чии детали адвокатот не сакаше да ги открие. Покрај поделбата на имотот, двојката исто така треба да разговара за старателство над децата, 20-годишниот аутистичен син и четиригодишната ќерка.
„Тој само сака да ги гледа своите деца, но таа е тешка за ова прашање”, рече долгогодишниот соработник на Де Ниро.
„Тој има 75 години и навистина не му е гајле за парите. Роб повеќе сака да не мора да оди на суд и тоа ќе беше подобро за неа, но таа го принудува со своите постапки да ѝ даде помалку пари”, заклучува пријателот на актерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

