Забава
Верната Нала не губи надеж, и натаму го чека Емилијано
Кога се пресели во Нант во 2015 година, Емилијано Сала беше сам во новиот град. Доби куче, Налa. Авионот во кој се наоѓаше беше пронајден на дното на Ла Манш. Кучето гледа во далечина секоја вечер и чека.
„И Нала те чека“, напиша Ромина Сала, сестрата на Емилијано Сала, аргентинскиот фудбалер кој исчезна на патот од Нант до Кардиф.
По две недели на дното на Ла Манш се појави руина на авион во кој имаше едно тело, а другото го бараа. Во авионот беа Сала и пилотот Дејв Иботсон.
И додека истражувачите се откажаа, семејството на фудбалерот не го стори тоа. Тие собраа пари за приватно пребарување и го најдоа авионот. Чекаат да се подобри времето за да можат да ја извадат руината или барем телото што е внатре, што го видоа преку подводна камера.
Семејството сè уште се надева, иако, како што велат искусните истражувачи, надежта дека Емилијано е жив е еднаква на чудо. Еден од оние кои се надеваат и кој никогаш нема да се откаже е Нала, куче кое живееше со Емилијано во Нант. Нала сега е со сестрата на Емилијано, Ромина. Секоја вечер, Нала доаѓа пред прагот, се смирува и гледа во далечината.
Emiliano Sala’s dog, Nala, is still waiting for him to return ? pic.twitter.com/AdcGcKPUUt
— Juan Velazquez (@JuanDirection58) February 4, 2019
Кога се преселил во Нант пред четири години и почнал да игра за тамошниот прволигаш, Емилијано Сала живеел сам. Наскоро тој добил верен пријател. Емилијано заминал во Кардиф за да потпише договор, но веднаш штом сè средил, ги спакувал куферите и се вратил во Нант бидејќи се грижел за Нала. Тој планирал да го однесе во Велс. Отишол во клубот да ги поздрави своите соиграчи и седнал во авионот.
Сестрата требаше да ги среди документите за да може Нала да му се приклучи на Емилијано во новиот клуб.
За жал, Емилијано никогаш не пристигна во Кардиф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци кои победуваат во секоја расправија
Расправиите може да бараат многу, но некои луѓе имаат тајна супермоќ да извлечат победа речиси секој пат кога ќе се најдат во вербален дуел. Ако некогаш сте се нашле на другата страна на расправијата со некој од овие хороскопски знаци, веројатно знаете како е да се чувствувате како да сте во рингот со професионалец. Луѓето родени под овие хороскопски знаци победуваат на секоја расправија.
Вага
Вагите се познати по нивната способност да ги видат двете страни на секоја приказна, што ги прави исклучително убедливи во дебатите. Нивниот дипломатски пристап и смирен тон често може да го смират противникот пред работите да се загреат премногу. Вагите се мајстори за наоѓање компромиси и нагласување на општото добро, што ги прави тешки противници во секоја расправија.
Шкорпија
Кога една Шкорпија ќе влезе во дискусија, можете да бидете сигурни дека нивните аргументи се поткрепени со факти и темелно истражени. Нивната страст и интензитет можат да бидат застрашувачки, но токму оваа емоционална длабочина им дава сила во убедувањето.
Шкорпиите нема да се откажат додека не докажат дека се во право, често користејќи импресивно знаење и психолошка перспектива за да ги откријат слабостите во аргументите на нивните противници.
Близнаци
Близнаците се вистински виртуози на зборови и лесно можат да се прилагодат на секоја дискусија, благодарение на нивната исклучителна способност за брзо размислување. Нивната умешност во комуникацијата им овозможува наеднаш да ги менуваат тактиките или темите, често збунувајќи ги противниците и водејќи ја дебатата во неочекуван правец.
Близнаците се одлични и во читањето на другите луѓе, што им овозможува прецизно да ги насочат аргументите кои најмногу ќе одекнат.
Забава
Арогантни хороскопски знаци: никој не може да ја надмине нивната ароганција
Никој не е претерано заљубен во луѓе кои се себични. Арогантните знаци на Зодијакот на сите им одат на нервите.
Јасно е кој хороскопски знак е најарогантен. Сепак, тој не е единствениот кој може да се пофали со оваа иритирачка особина. Постојат уште има неколку претставници кои се сметаат себеси дека се почеток и крај на сè и дека се над сите други.
Арогантни знаци на Зодијакот
Лав
Се разбира, ова не е големо изненадување. Тие секако се еден од најарогантните знаци. За разлика од другите (обични смртници), тој мисли дека е супериорен, поважен и знае се. Сето тоа веднаш се забележува по нивниот однос бидејќи се прикажуваат театрално, добиваат внимание и уживаат.
Овен
Овните се познати по својот натпреварувачки и независен дух поради што често се позиционирани како лидери. Она што дефинитивно ги придвижува е тоа што кога нешто ќе го заинтересира нивниот ум, тие дефинитивно мора да научат или да го направат тоа по секоја цена. Во комбинација со големо его, тие мислат дека никој друг нема талент, динамика и способност да го направи тоа подобро од нив.
Девица
Доколку имате конфликт со некој во знакот Девица, подобро е да ја прекинете дискусијата што поскоро. Сакаат полемики, особено ако се поврзани со енциклопедиско знаење, па ќе почнат постојано да зборуваат, останувајќи стабилни како карпа. Тие се луѓе кои мислат дека знаат сè и се многу горди. Тие повеќе би сакале да затворат каква било дискусија отколку да слушнат или забележат која било друга гледна точка.
Јарец
На оваа листа спаѓаат и Јарците. Знаењата и искуствата што ги стекнале ги прават најспособни од сите. Тие веруваат дека знаат сè подобро од кој било и што е најдоброто нешто да се направи во секоја ситуација, додека, секако, другите немаат ни трошка поим за тоа. Ако некој го заврти грбот за време на нивните предавања, веројатно многу ќе се изнервира, а потоа ќе каже дека сигурно не сте го слушнале.
Забава
Објавен портретот на принцезата Кејт, фановите ужасени: „Дали е ова шега?“
Кралот Чарлс објави нов портрет, а сега портретот на Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на магазинот „Татлер“ за да „ѝ оддаде почит на нејзината храброст“, и тоа два месеца откако принцезата од Велс во видео објави дека има рак.
Портретот го насликал британско-замбиската сликарка Хана Узор, која користела разни фотографии од принцезата за инспирација. Покрај портретите на принцезата, списанието објави и портрети на покојната кралица Елизабета Втора и кралот Чарлс.
Сепак, обожавателите на кралското семејство не беа воодушевени од портретот на нивната омилена принцеза. „Ова изгледа како дете да го нацртало“, „Кога стана Азијка?“, „Каков страшен портрет на толку убава жена“, „Дали ова е шега?“, се само дел од коментарите.
Инаку, и кога Чарлс го откри својот портрет, на социјалните мрежи бргу почнаа со исмејување.