Забава
Поранешна учителка во „Донда“ на Канје Вест предупредува дека учениците тешко ќе се префрлат во друго училиште
Учениците на академијата „Донда“ на Канје Вест се лишени од образованието што го заслужуваат, но родителите треба да бидат загрижени ако се обидат да одат на друго место, тврди една од учителките која го тужи раперот поради неговото училиште.
Поранешната учителка во „Донда“, Сесилија Хејли, сега ги предупредува родителите и во изјава за ТМЗ укажува на фактот дека сериозно заостануваат во образованието. „Евентуалната одлука да се префрлат на друго место не значи дека веднаш ќе се реши проблемот“, вели таа.
Сесилија објаснува дека децата не добиваат оценки во непризнаеното, односно неакредитирано приватно училиште, па префрлањето може да биде проблематично.

Таа е загрижена за иднината на учениците бидејќи се многу назад во наставниот програм.
Како што веќе објави ТМЗ, Сесилија и ќерка ѝ тврдат дека биле отпуштени откога ги истакнале недостатоците на училиштето вклучувајќи ја и расата како фактор.
Поранешната учителка вели дека Канје можеби не е вклучен во проблемите на училиштето иако е именуван во тужбата. Таа наведе многубројни проблеми во училиштето – недостиг на столови, заклучени влезни врати и без наставни планови за часовите. Таа исто така се жали дека единствената ставка на менито за ручек е суши и дека на децата им е дозволено да јадат само еднаш во денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Фаталната русокоса го сруши интернетот со своето жешко издание
Сидни Свини веќе некое време привлекува внимание од јавноста, но и воздишки со своите жешки изданија. Таа е често активна и на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен живот, а неодамна откри како го поминала Денот на благодарноста.
Судејќи според фотографиите, таа го поминала во друштво на пријатели со кои организирала „Friendsgiving“ (неформална вечера организирана од пријатели за време на празникот Ден на благодарноста).
Sydney Sweeney in ‘Shrek’-themed Friendsgiving.pic.twitter.com/mNq0UtXjG7
— JumpTrailers (@JumpTrailers) December 1, 2025
Се чини дека ова било повеќе од само дружење, бидејќи присутните на фотографиите биле маскирани, вклучувајќи ја и фаталната русокоса.
А токму нејзиниот костим на змеј од популарниот филм „Шрек“ предизвика лавина од коментари. Таа носеше црвен боди кое ја истакнуваше нејзината витка фигура, но и нејзините гради.
„Прекрасна си“, „Толку си секси“, „Те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
(Видео) Дали имате спуштени очни капаци: со еден трик нема да имате проблем со нанесувањето шминка
Многу девојки со спуштени очни капаци честопати не сакаат да носат шминка, мислејќи дека нема да биде забележлива на нив.
Сепак, тоа не мора да биде случај, а триковите за шминкање можат да ви помогнат.
Ако ја нанесете шминката на очите на правилен начин, ќе ги истакнете уште повеќе, а никој нема да може да му одолее на вашиот поглед.
Сè што ви треба за да создадете „заводлив“ изглед на шминка е памукче. Да, добро прочитавте.
Превиткајте го памукчето на половина, потоа ставете ја „полукружната“ страна веднаш над очниот капак и нанесете потемна нијанса веднаш над работ. Иако нијансата е потемна, обидете се малку да ја изблендирате, а потоа повлечете потенка линија во продолжението.
Потоа, ставете ја другата, рамна страна од памукчето на аголот на окото, која ќе служи како линијар, така да се каже, и користете ја истата нијанса за да создадете линија што ќе ја поврзете со онаа нацртана погоре.
Наполнете ја внатрешноста со нешто смело, како светкава сенка за очи, додадете маскара и/или вештачки трепки и сте подготвени.
Знаеме дека во вакви ситуации, сликите зборуваат погласно од зборовите, затоа погледнете го видеото за да го видите целиот процес:
Забава
(Видео) Колку капути има кралицата Летиција: еден ѝ е омилен и го носи секоја година
Кралицата Летиција од Шпанија нема конкуренција кога станува збор за стил и елеганција, па затоа е една од најдобро облечените жени во Европа. Секое нејзино ново појавување е приказна сама по себе и таа секогаш воодушевува со некое модно парче.
Сега таа воодушеви во Мадрид за време на официјалната посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кога блесна во црна наметка по 14-ти пат.
Под наметката што беше „рециклирана“, кралицата Летиција имаше асиметричен црвен фустан и салонки со ниска потпетица во малку потемна нијанса од фустанот. Се чини дека Летиција дефинитивно го претпочита овој модел на обувки пред сите други.
Сепак, пелерината го украде целото внимание, а фактот дека ја носеше во февруари оваа година, како и во претходните години, покажува дека ова парче е задолжително за секоја жена во текот на зимата.
Кралицата го комбинираше и со подолги и со пократки фустани, а наметките совршено одат со фармерки.

