Забава
Почина Џејмс Мајкл Тајлер, актерот од серијата „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст.
Актерот што го глумеше Гинтер во хит-серијата „Пријатели“ починал дома во Лос Анџелес во неделата наутро, се наведува во изјавата на неговиот менаџер.
Ракот на простата му бил дијагностициран во 2018 година.
Неговиот менаџер рече: „Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот“.
„Светот го знаеше како Гинтер – седмиот ‘пријател’ од серијалот Friends, но најблиските на Мајкл го познаваа како актер, музичар, борец против ракот и сакан сопруг“, соопшти семејството на Тејлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хали Бери (58) прошета по црвениот тепих на Мет Гала во проѕирен фустан

Актерката Хали Бери (58) прошета по црвениот тепих на Мет Гала 2025 во еден од нејзините најсмели изгледи досега – проѕирен фустан со пруги и длабоко деколте. Фустанот во стил на сирена е дизајниран од ЛаКван Смит и е речиси целосно транспарентен, освен неколку стратешки поставени пруги.
Таа го комплетираше својот изглед со црн превез и кратко сако, а за пригодата ја собра косата во елегантна пунџа. Актерката дополнително блескаше со дијамантски ѓердан и обетки.
Иако Хали Бери неколку пати ја красеше насловната страница на Vogue, ова е само нејзино второ појавување на Мет Гала. Таа првпат учествуваше во 2017 година, кога носеше речиси целосно проѕирен комбинезон од модната куќа Atelier Versace.
Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.
Овогодинешната тема Superfine: Tailoring Black Style се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Кроен за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.
Забава
Ен Хатавеј изгледа двојно помлада – актерката предизвика гласини за пластични операции

Актерката Ен Хатавеј (42), според многумина, изгледа двојно помлада. Таа се појави на Мет Гала 2025 година, само неколку недели откако почнаа гласините дека била подложна на пластични операции.
Актерката се појави на црвениот тепих на Мет Гала облечена во бела оверсајз кошула од Каролин Херера и црно-бело пругасто здолниште со монистра. Косата ја собра во висока опашка, што дополнително го истакна нејзиното лице. Избра минималистичка шминка со акцент на чиста кожа, а ѕвездата на „Ѓаволот носи Прада“ повторно предизвика шпекулации за можна пластична хирургија.
„Ен Хатавеј не старее, човече“, „Ѓаволот носи Прада 2. Ен Хатавеј, никогаш не старееш“, „Не изгледа толку стара“, „Треба да се јавам на дерматолог и да нарачам пакет Ен Хатавеј/Линдзи Лохан“, се само некои од коментарите. Нејзиниот младешки изглед стана тема на дискусија минатиот месец, откако се појави во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за есен 2025 година.
Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер.
Овогодинешната тема Superfine: Tailoring Black Style се фокусираше на модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Кроен за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.
Забава
Ријана откри дека е трудна, го очекува своето трето дете

37-годишната Ријана откри дека го очекува своето трето дете со партнерот А$AP Роки на спектакуларен начин – покажувајќи го својот труднички стомак на црвениот тепих на Мет Гала 2025.
Пејачката изгледаше прекрасно во скратено сако од Марк Џејкобс, волнен корсет и пругасто здолниште со шлиц до бутовите и интересен детаљ во форма на уште едно сако.
Ријана и Роки ги имаат синовите РЗА (3) и Рајот (1).
Да потсетиме, Ријана ја откри својата втора бременост за време на полувремето на Супербоул во 2023 година, облечена во тесен црвен комбинезон Loewe.
Темата на Мет Гала оваа година беше Superfine: Tailoring Black Style. Од гостите беше побарано да го претстават стилот на афроамериканските мажи, од 18 век до дене