Забава
Почина 22-годишна актерка: ја загуби битката со тешката болест

Бразилската актерка и модел Исис Фреитас почина на 22-годишна возраст.
Ѝ била дијагностицирана туберкулоза, а по силната борба со болеста, во тешка состојба била пренесена во болница.
Исис ја загуби битката со животот, а веста за нејзината смрт ја соопштија нејзините соработници.
„Со големо жалење и тага ве известуваме за смртта на нашата актерка и придружничка Исис Фреитас“, стои во нивното соопштение.
Фреитас ја почна својата кариера како модел пред да стане актерка и да се појави во многубројни претстави.
Таа се појави и во голем број реклами за козметички брендови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кејт Хадсон повторно привлече внимание со нејзиниот избор на облека

Заводливата Кејт Хадсон ја користи секоја прилика да го привлече вниманието кон себе и досега тоа и оди доста добро, а сите зборуваат за нејзиното последно модно издание.
Во последните денови актерката се споменува повеќе од кога било. Таа постигна голем успех со серијата „Runing Point“ и некако повторно се најде на насловните страници.
Без разлика дали се работи за изјави или само нејзиниот бомбастичен изглед, Кејт не може да остане незабележана. Неодамна ја загреа атмосферата со фотографија во костим за капење, а сега прошета во неверојатен фустан.
Циркони, светки и се што блеска оваа година се чини дека го достигна својот врв, бидејќи не постои ниту еден настан каде барем една актерка не е во слично издание.
Кејт овој пат избра предимензиониран фустан обложен со златни светки, но така што во најголем дел беше проѕирен. Се потрудила најмногу да си ги покрие интимните делови.
Со оглед на морето од светки со кои беше опсипана, Кејт не експериментирала понатаму и не додавала ефикасен накит за да не претера.
Таа само ја обликуваше косата за да го истакне своето лице и продолжи да го прави она што го прави најдобро, привлекувајќи го целото внимание во светот.
Таа, како и секогаш, беше придружувана од нејзиниот партнер Дени Фуџикава, кој избра совршена елеганција и црн костум.
„Зошто едноставно не дојде гола“, беше еден од коментарите, но тоа не е баш така. Кејт внимаваше на се, па иако беше облечена предизвикувачки, ја задржа пристојноста.
Забава
Заразно се искрени и во секого гледаат по нешто добро: три хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите оптимисти

Во свет каде што често се фокусираме на негативното, има луѓе кои не потсетуваат дека има нешто восхитувачко во секого.
Нивната способност да ја гледаат светлината дури и кога сите други ја гледаат сенката доаѓа природно и често се охрабрени од нивниот хороскопски знак.
Издвојуваме три хороскопски знаци кои се познати како вечни оптимисти кои кај секого ќе пронајдат барем една добра страна, дури и кога тоа за другите е незамисливо.
Стрелец
Стрелците се познати по својот ведар дух, заразниот ентузијазам и искреното верување дека сè се случува со причина. Нивната отвореност и љубопитност им овозможуваат да најдат нешто посебно кај секого, без разлика дали е тоа нечија насмевка, став или дури и животна приказна.
Вага
Вагите се дипломатите на зодијакот – мирни, искрени и разбирливи. Нивната потреба за хармонија ги тера да бараат рамнотежа во сè, вклучувајќи ги и луѓето. Дури и кога ќе се соочат со нечии маани, Вагите се обидуваат да најдат што ја прави таа личност вредна. Тие веруваат дека никој не е целосно лош, само можеби погрешно разбран.
Риба
Рибите се сонувачи и идеалисти, а нивната емоционална длабочина им овозможува да се поврзат со луѓето на уникатен начин. Тие бараат трага на добрина кај секого, дури и кога таа е закопана длабоко под слоевите на одбранбените механизми и минатите разочарувања.
Рибите веруваат дека сите луѓе се суштински добри, само им треба некој да го препознае и поттикне тоа.
Забава
(Видео) Расел Бренд проговори за разводот со Кејти Пери: Таа не е многу нормална

Расел Бренд се осврна на својот брак со Кејти Пери во новата епизода од подкастот „Остани слободен со Расел Бренд“. Зборувајќи за разводот, тој откри дека на него не се навраќа со лоши спомени.
When I was married to Katy Perry, there wasn’t anything off-key with her, nor was she involved in anything nefarious.
Our marriage didn’t work out for normal, human reasons. I have nothing but respect for her!
(Plus, my daughters LOVE Katy Perry) pic.twitter.com/QwVyIKVkjs
— Russell Brand (@rustyrockets) April 3, 2025
„Она што можам да ви го кажам е дека за време на мојот брак со Кејти Пери, сфатив дека таа не е сосема нормална – таа е извонредна поради нејзината слава – но не можам да кажам дека е чудна. Колку што видов, таа не се занимавала со ништо сомнително”, коментира тој.
„Причините зошто нашиот брак не успеа се нормални, човечки причини и немам ништо друго освен почит кон неа. Очигледно не се согласувам со нејзините политички мислења, но веројатно истото важи и за мојата сопруга Лора. Секогаш има несогласувања, нели?“, заклучи тој.