Забава
Почнува годината на Дрвениот змеј: што не смее да правите во 2024 година
На 10 февруари 2024 година и официјално почнува годината на Дрвениот змеј. Отсега сите ние, без разлика на кинескиот знак, ќе ги чувствуваме промените во нашите животи што ќе ги донесе змејот. Што да очекувате од огнениот знак – и од каде потекнува?
Историјата на Дрвениот змеј
Секој од 12-те знаци на кинескиот хороскоп доби свое место со причина. Според митологијата, во античко време тие учествувале во трка – по што им биле доделени позиции врз основа на нивниот ранг. Змејот, на пример, го зазема петтото место – по Зајакот и пред Змијата. Иако, според митологијата, Змејот бил миленик на императорот на жад – сите верувале дека тој со својата издржливост и способност за летање лесно ќе го заземе првото место.
„Но, додека Змејот се вивна кон небото, тој виде пожар во едно од селата – и полета да ги спаси неговите жители исклучувајќи ја трката. Ги стави на грбот и ги пренесе преку реката на другата страна“.
Значи, во 2024 година мора да ја научиме главната лекција од Змејот: важно е не само да имаме моќ, туку и да им помагаме на другите.
Што ќе ни донесе годината на Дрвениот змеј?
Според древното кинеско верување, симболот на годината е секогаш суров кон оние што се родени под негова заштита. Тоа значи дека родените во годината на Змејот не треба да станат арогантни, да се однесуваат кукавички или да ги изневеруваат своите најблиски – во спротивно ќе го почувствувате гневот на вашиот покровител. Но, ако мислите дека немате наклоност од Дрвениот змеј, постои решение: носете многу црвена облека и накит од жад. Ова, според кинеските астролози, помага да се смири Змејот.
Ако не сте родени во годината на Змејот, тогаш годината ќе ви донесе промени што долго ги чекавте. Змејот ја претставува јанг-енергијата – виталност, увид и активност. Змејовите се луѓе од акција, кои се грижат за благосостојбата на другите и имаат силни лидерски квалитети. Дури и ако ги немате сите овие квалитети, обидете се да ги развиете оваа година. Бидете посоцијални, преземајте нови проекти на работа, не плашете се да донесувате одлуки и што е најважно – бидете пољубезни кон вашите најблиски и научете да им помагате.
Темната страна на Змејот се ароганцијата, гордоста и желбата да доминира. Ова е спротивно на секој паметен лидер. Ваша задача за оваа година е да ги зауздите овие особини доколку ги имате.
Што можеме да научиме во годината на Дрвениот змеј?
Змејот ги цени луѓето што се подготвени да споделуваат со другите и да помогнат. Оваа година обидете се да се сетите на приказната за Змејот – помогнете им на луѓето околу вас. Што можеш да направиш?
Помогнете им на добротворните организации – доставувајте храна до оние на кои им треба, посетете ги децата во сиропиталиште.
Не оставајте ги вашите најблиски – она што ќе им го дадете оваа година, ќе ви се врати помножено со два.
Завршете нешто што долго време сакате да го направите – на пример, реновирајте, купете автомобил, сменете ја работата. Змејот ги цени храбрите и силни луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Манекенка поминала низ скенер на аеродром: цариниците не можеле да поверуваат што има во нејзината глава
Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите обожаватели.
Фанг Киуан (36) е самопрогласен фанатик за пластична хирургија со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собра 1,3 милион прегледи.
Фанг потрошила над 250.000 долари на разни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата…
Неодамна поминала низ скенер на аеродром кога машината засвирела. Не ѝ било јасно што се случува додека не било утврдено дека има неколку туѓи предмети во главата, пренесува „Њујорк пост“.
View this post on Instagram
Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.
„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду-кукла“.
Нејзините фанови останаа шокирани од фотографиите што ги објави на „Инстаграм“.
„Ова е тешко за гледање“, напиша еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.
Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.
Забава
Отворен Канскиот филмски фестивал, Мерил Стрип доби почесна награда
Канскиот филмски фестивал официјално почна во вторникот вечерта кога познатите личности прошетаа на црвениот тепих во раскошниот Гранд театар „Лумиер“ за да ѝ оддадат почит на холивудската актерка Мерил Стрип, на која ѝ беше врачена почесната „Златна палма“.
На актерската екипа на француската комедија и на отворањето на фестивалот се придружи и годинешното жири предводено од режисерката Грета Гервиг.
Публиката со овации ја поздрави добитничката на почесното признание Мерил Стрип, а на сцената ја поздрави француската актерка Жилиет Бинош.
„Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во филмскиот свет“, рече Бинош. Стрип, чија долга листа на филмови ги вклучува Death Suits Her, Mamma Mia! и „Железната дама“, наведе многубројни луѓе на кои сакаше да им се заблагодари.
Забава
Брат ми ми беше втор татко, чував добиток и одев на училиште: Миле Китиќ со детали за тешкото детство
Миле Китиќ потекнува од село во Босна, каде што и покрај скромното детство, успеал да ги стави пред себе музичките соништа и да стане голема ѕвезда.
Во својата изјава за „Гранд“ тој откри непознати детали од растењето и животната борба.
„Роден сум во село во БиХ, во земјоделско семејство, бевме петмина. Не кријам дека му помагав на семејството, се грижев за стоката, сето тоа го правев покрај одењето на училиште, но тоа беше нормално“, изјави тој.
Среќните денови во неговото село биле прекинати со заминувањето на неговите родители на друг континент кога тој го напуштил родното место и на четиринаесет години заминал во Сараево.
„Кога бев осмо одделение, моите родители заминаа во Америка, а најстариот брат ми беше како втор татко, живееше во Сараево. Имаше жена и дете и сите живеевме во една барака, една соба. Отидов кај него и завршив средно училиште“, открива Китиќ и додава:
„Тешко е да се дојде од провинција во голем град и да се почне со музика, особено Сараево тогаш беше музичка метропола. Имаше неколку пејачи кои беа сериозни ѕвезди. Почнав да пеам во центрите за култура и ме забележаа, имаше некои момци што го основаа бендот ‘Принцови’ и почнав да свирам со нив бас-гитара, па покрај обврските кон училиштето, почнав и да потпевнувам и да одам на некои аматерски натпревари“, се присетува пејачот на своите почетоци.
Покрај пеењето, Китиќ сакал и спорт и имал амбиција да се запише на факултет.
„Сакав да бидам професор по физичко. Отидов на приемот на ДИФ и таму запознав колеги кои се занимаваа со музика, а тој ден имаа тезга во градината. Отидов со нив да пеам наместо на приемниот и така почна сѐ… Не се запишав на факултет!“, вели Китиќ.