Забава
Превоз со стил: Харисон Форд ја префрли мајката на сопругата со својот приватен авион
Харисон Форд организира несекојдневен превоз за мајката на сопругата Калиста Флокхарт, која во саботата го прослави 58. роденден.
Холивудскиот актер ова патување го направи во свој стил, со пилотирање на еден од приватните авиони.
Во саботата попладне, Форд (80) го управуваше својот авион од Њујорк до Тенеси, каде што живее мајката на сопругата, а потоа двајцата слетаа во Лос Анџелес на прослава на роденденот на Калиста.
Неколку моменти по слетувањето, холивудскиот актер и вљубеник во авијацијата можеше да се види како седи во пилотската кабина, со слушалки на главата, и добива насоки од контролорот на летање за финалното движење преку пистата.
Кога стигна до соодветното паркинг-место, Форд ја отвори влезната врата од кабината и ѝ помогне на мајката на славеничката да излезе од авионот и да се симне по петте скали.
Форд е насмеан додека го сместува во хангар својот авион Citation Sovereign, вреден 18,8 милиони долари, најголем од неговата колекција на летала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил ботокс: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно. За ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколку пати го третираше додека играше за Манчестер Јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи околу 50.000 евра и дека одлучил парите да ги собере на суд. Равиндран е дерматолог кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо како и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не можат со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осминафиналето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.