Забава
Принцот Хари играше одбојка на седење со повредени нигериски војници

Британскиот принц Хари им се придружи на нигериските спортисти на теренот во егзибициски одбојкарски натпревар во Абуџа за време на тридневната посета на африканската земја со сопругата Меган.
Тој тренира со повредени војници, а Меган се фотографира со децата што се појавија да ги видат војводата и војвотката од Сасекс, пренесува „Сај њуз“.
Подоцна, војводата и војвотката разговараа со повредените војници и нивните семејства по што Меган се сретна со генералниот директор на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивела.
Хари и Меган престојуваат во Нигерија на покана на началникот на Генералштабот на нигериската армија, а патем ги промовираат Непобедливите игри, каде што се одржуваат спортски настани за ранети, болни или повредени војници.
На првиот ден од посетата Хари зборуваше за менталното здравје и им кажа на учениците дека нема срам да се зборува за тоа.
„Премногу луѓе не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи е невидливо. Тоа не е како скршена нога, не е како скршен зглоб. Мора да се грижиш за себе за да можеш да се грижиш за другите“, рече Хари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Селена Гомез остана во шок по прогласувањето на наградите САГ, нејзината реакција е хит

Селена Гомез и екипата на „Only Murders in the Building“ ја добија наградата за најдобра хумористична серија на САГ, а нејзината шокирана реакција по објавата стана вирален хит.
Кога слушнала дека серијата ја добила наградата, изненадена ја отворила устата и во целосен шок тргнала кон сцената и прашала: „Дали треба да зборувам? Не можам да зборувам“.
Selena Gomez was in complete disbelief after 'Only Murders in the Building' won the #SAGAward for Outstanding Ensemble in a Comedy Series. pic.twitter.com/a1JFrsxBmb
— Entertainment Tonight (@etnow) February 24, 2025
„Чекај, ние никогаш не освојуваме ништо, ова е толку чудно“, рече таа, а потоа додаде: „Добро, добро, Марти и Стив не се тука затоа што, знаете, навистина не им е гајле… Искрено сум многу благодарна. Сите го заслужуваат ова. Ја носам дома наградата за сите нас. И ова го враќам во Њујорк за петтата сезона. Многу сум благодарна“, рече таа.
Забава
(Фото) Која позната дама доминираше на САГ наградите

Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди САГ во Лос Анџелес. Актерите се прошетаа на црвениот тепих во гламурозни креации на познати дизајнери, а вечерта ја одбележаа и добитниците на престижни награди.
Деми Мур ја доби наградата за најдобра главна женска улога, додека Зои Салдања ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
На црвениот тепих блеснаа и бројни познати дами, меѓу кои Аријана Гранде, Мајли Медисон и Селена Гомез.
Особено внимание привлече Памела Андерсон, која уште еднаш остана доследна на својот природен изглед и се појави без шминка во елегантен бел фустан. На церемонијата се појавија и ѕвездите од хит серијата Бриџертон.
Забава
(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.