Забава
Принцот Хари и Меган ќе го прекинат молкот во интервју кај Опра

Принцот Хари и неговата американска сопруга Меган ќе го прекинат својот молк во прво интервју по откажувањето од британското кралско семејство кога ќе гостуваат кај Опра Винфри следниот месец.
Хари и Меган, кои во неделата објавија дека го очекуваат своето второ дете, минатата година ги шокираа високите кралски служби соопштувајќи им дека планираат да се повлечат од кралските улоги и да се преселат во САД.
Си-би-ес соопшти дека интервјуто ќе се емитува на 7 март.
„Винфри ќе разговара со Меган, војвотката од Сасекс, во широко интервју опфаќајќи сè – од животот како член на кралското семејство, бракот, мајчинството, филантропската работа, па до тоа како се справува со животот под силен притисок на јавноста“, се наведува во соопштението на Си-би-ес.
„Подоцна, на двете ќе им се придружи принцот Хари и ќе разговараат за нивната преселба во САД, за нивните надежи, соништа и за нивното проширено семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џејсон Момоа и 12 години помладата актерка привлекоа внимание на Канскиот филмски фестивал

45-годишниот актер Џејсон Момоа привлече внимание со својата 12-годишна девојка, порториканската актерка Адрија Арjона, на Канскиот филмски фестивал.
Тој ја поддржа на премиерата на нејзиниот нов филм „Сплитсвил“. Адрија се појави на црвениот тепих во зелена сатенска облека, а Момоа носеше бело одело. Двајцата позираа насмеани за фотографите.
Момоа претходно беше во брак со Лиза Бонет, која е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и законско старателство над 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.
Адрија, исто така, има еден неуспешен брак зад себе. Актерката се омажи за својот долгогодишен партнер, адвокатот Едгардо Каналес, во 2019 година, но не е познато кога парот се разделил.
Забава
Влогер снимал видео, немал претстава дека до него седи позната холивудска актерка

Виетнамскиот патнички влогер Коа Паг снимал видео во ресторан, сосема несвесен дека седи до една од најголемите холивудски ѕвезди, актерката Натали Портман.
Додека го снимал видеото во ресторан во Јапонија, Коа јадел и коментирал суши како што обично прави во своите видеа, и не обрнувал внимание на актерката во текот на целото видео.
„Седна и јадеше со сопругата на Тор без дури ни да ѝ кажеш здраво!“, „Сопругата на Тор седи до тебе, внимавај, ако те удри гром со стапот, ќе станеш суперхерој! Но, морам да признаам дека имаше среќа бидејќи сретна суперѕвезда“ и „Тоа е Натали Портман, таа е толку позната. Имаш толку среќа“, беа некои од коментарите под видеото.
Забава
Џенифер Лопез фотографирана во Њујорк облечена во необична јакна

Пејачката Џенифер Лопез повторно го покажа својот префинет моден вкус. Таа беше фотографирана во Њујорк на прославата по повод роденден, каде што привлече внимание со својата облека.
Пејачката носеше впечатлива јакна во боја на праска, под која се гледаше свилен фустан во иста боја.
Таа го искомбинираше и со транспарентни сандали со отворени прсти и светкава чантичка.
Латино дивата ја смени својата облека за време на настанот. Таа пристигна на прославата во бел фустан, сребрени сандали на платформа, а косата собрана во пунџа.