Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Трендовски детаљ што ќе привлече внимание оваа сезона, а не чини многу

„Впечатливите“ обетки, нараквици и ѓердани беспрекорно се вклопија во актуелните трендови, добивајќи мноштво различни форми, така што има по нешто за секого во овој сегмент. Дури и ако сте страствен љубител на суптилните детали, веруваме дека ќе ви биде тешко да им одолеете на некои од шарените парчиња накит од новите колекции.
Минатата година бевме сведоци на подемот на трендот „фудкор“ и сè беше преполно со шарен накит со овошни мотиви – помислете само на хит обетките – цреши.
Оваа година, романтиката е во преден план, а безвременскиот мотив на цвеќето блескаше во посмели силуети и бои од кога било досега. Опсесијата со тропските цвеќиња продолжува, а преголемите обетки украсени со шарени егзотични „ливчиња“ се детаљ кој повеќе не е резервиран исклучиво за плажа и „afterbeach“ забави.
Обетките во облик на големи тродимензионални цвеќиња се побројни од кога било на главната улица, и станаа омилен избор на трендсетерките за малку поубави пригоди во топлите денови.
Заедно со обетките од смола во светли бои, вниманието го привлекуваат и моделите со неправилни форми и неочекувани текстури – бисерен сјај, варијанти од мрежест метал и материјали што имитираат злато или сребро се многу добредојдени.
Не се сомневаме дека овој вид „впечатлив“ детаљ е навистина одлична инвестиција – не чини многу, а навистина прави разлика, додавајќи допир на актуелност и карактер на малку поедноставни комбинации.
Забава
Нови трагични детали за смртта на Џин Хекман откриени со најновата обдукција

Конечните резултати од обдукцијата на легендарниот добитник на Оскар, Џин Хекман, открија сериозни здравствени проблеми што ги имал актерот пред неговата смрт, два месеци откако тој и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Ново Мексико.
Како што објавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на извештај од Канцеларијата на медицинскиот испитувач, Хекман (95) со години страдал од конгестивна срцева слабост и имал изразени хронични хипертензивни промени во бубрезите. Во 2019 година, му беше вграден бивентрикуларен пејсмејкер, а обдукцијата дополнително покажа присуство на невродегенеративни промени поврзани со Алцхајмеровата болест.
„Беа откриени сериозни атеросклеротични и хипертензивни промени во кардиоваскуларниот систем, беа поставени стентови во коронарните артерии, беше направен бајпас, а аортната валвула претходно беше заменета“, се наведува во извештајот. Исто така, биле пронајдени траги од стари срцеви удари, додека анализата на мозокот открила микроскопски знаци на напредна Алцхајмерова болест.
Иако некои се сомневаа, обдукцијата покажа дека Хекман не бил заразен со хантавирус – ретка, но опасна инфекција што ја пренесуваат глодари, а која предизвикала смрт на неговата сопруга.
Полицијата потврди дека Бетси Аракава починала околу 12 февруари од респираторни компликации предизвикани од хантавирус, на 65-годишна возраст. Според извештајот добиен од „Дејли меил“, пребарувањето на нејзиниот компјутер открило пребарувања на интернет за симптоми слични на грип и Ковид-19.
Вештакот, исто така, изјави дека тестовите не покажале труење со јаглерод моноксид, а во крвта на Хекман биле откриени траги од ацетон, што веројатно е резултат на дијабетична кетоацидоза или гладување.
Се претпоставува дека Хекман, поради прогресијата на Алцхајмеровата болест, талкал низ куќата неколку дена по смртта на неговата сопруга, несвесен што се случило. Тој почина речиси една недела подоцна, околу 18 февруари, од последиците на тешка срцева болест, дополнително влошена од Алцхајмерова болест и заболување на бубрезите.
Забава
Шестте најчести грешки што ги правите со кремот за очи

Нежна, тенка и исклучително чувствителна – кожата околу очите е првата што открива знаци на замор, стрес и стареење. Затоа бара посебно внимание и нега – и затоа кремите за очи се неопходен сојузник во борбата за младешки и свеж изглед.
Но, дури и најдобрата формула нема да ги даде посакуваните резултати ако ги направите овие вообичаени грешки што можат да ја саботираат нејзината ефикасност.
Еве ги најчестите грешки – и како да ги исправите за да ја направите вашата грижа што е можно поефикасна:
1. Користите премногу крем
Ако некогаш сте се запрашале зошто кремите за очи се достапни во мали, луксузни теглички – еве го одговорот: потребна ви е само количина со големина на грашок за двете страни од лицето.
Прекумерните количини можат да имаат спротивен ефект – затнување на порите, предизвикувајќи оток, црвенило или иритација. Во грижата важи правилото: помалку е повеќе.
2. Не оставате доволно време кремот да се апсорбира
Ако продолжите со шминкањето веднаш по нанесувањето или легнете во кревет, всушност ја бришете кремата, или на перницата или под слоевите коректор. Оставете неколку минути целосно да се апсорбира – ова е клучно ако сакате активните состојки навистина да делуваат.
3. Се нанесува премногу блиску до очите
Голема грешка е нанесувањето на кремот директно на очните капаци или по линијата на трепките – ова може да доведе до иритација на очите или солзење. Наместо тоа, фокусирајте се на коската под окото, областа каде што обично се појавуваат темни кругови и фини линии.
4. Го користите погрешниот прст
Деликатноста на овој регион бара најнежен притисок, а тоа значи користење на домалиот прст. Има најмал притисок, па затоа е идеален за нежни движења на тапкање за да се нанесе кремот без да се истегне кожата. Избегнувајте триење – тапкањето е клучно.
5. Го контаминирате кремот
Ако ги користите прстите за да го нанесете кремот директно од теглата, ризикувате да внесете бактерии. Експертите препорачуваат користење чиста шпатула, памучни стапчиња или ладен метален апликатор – не само од хигиенски причини, туку и за да се продолжи свежината и ефикасноста на формулата.
Особено е важно да се избегне внесување на микроби кои можат да предизвикаат иритација на оваа чувствителна област.
6. Очекувате моментални резултати
Како и со фитнесот или новата рутина во исхраната – потребно е време за резултатите да станат видливи. Бидете трпеливи: редовната употреба од 30 до 60 дена е минималниот период за кожата да покаже правилен одговор на негата.
Не се откажувајте ако не видите промена за два дена – доследноста е тајната за долготрајна убавина.
Како и секој луксузен еликсир, кремот за очи бара правилна примена и трпение. Кога ќе му ја дадете нежноста и вниманието што го заслужува, тоа ќе ве награди со свеж, сјаен и одморен изглед – секој ден.