Забава
Продадена куќата од детството на Џорџ Харисон
Куќата во која Џорџ Харисон живеел како дете е продадена за 171.000 фунти на аукција.
Семејството на гитаристот на „Битлси“ се преселило во скромната куќа на улицата Аптон Грин 25, Ливерпул, во 1949 година кога тој имал шест години.
Харисон вежбал со Џон Ленон и Пол Макартни во куќата, која неговото семејство ја напушти во 1962 година.
Американски фан на легендарниот бенд ја купил куќата кога била објавена за продавање во Omega Auctions во Њутн Вилоус, Мерсисајд.
Аукционерот Пол Ферведер рече дека Американецот е „љубител на Битлси, но го гледа и како добра инвестиција“.
На истата аукција, оригинален натпис од улицата Карнаби во Лондон од 60-тите достигна цена од речиси 5.800 фунти.
„Кверимен“ (The Quarrymen), тогашната група на Ленон, вежбаше во куќата на „Аптон Грин 25“ кога тој, Харисон и неговиот колега Пол Макартни беа тинејџери.
Куќата последен пат беше на пазарот пред седум години, а ја купи фан на „Битлси“ за 156.000 фунти.
Харисон почина од рак на 58-годишна возраст во 2001 година.

Џорџ Харисон вежбаше со Џон Ленон и Пол Макартни во неговата семејна куќа, пред Ринго Стар да се приклучи на бендот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

