Забава
Пушењето е лоша навика, но пушачите сепак треба да ги разбереме
Сите многупати досега сме слушнале колку пушењето е штетно по здравјето. Пушачите се почесто ги слушаат и осудите од околината, која со критики од најдобра намера, сепак не им помага да се ослободат од оваа лоша навика. Тие се свесни дека ова е штетно, но како што обично е случај со навиките, не е лесно одвикнувањето од нив. Покрај тоа што е важно да се разбере проблемот на пушењето, важно е и пушачите кои од различни мотиви не се откажуваат од цигарите, да се информираат за сите можни опции, кои го вклучуваат и информирањето за помалку штетните алтернативи.
Чадот од тутунот е најштетната состојка на цигарите
Со согорувањето на цигарата се достигнува температура и до дури 900 степени. Тогаш се создава тутунски чад низ кој се ослободуваат повеќе од шест илјади материи, а за околу 100 од нив се знае дека се штетни и потенцијално штетни. Кај помалку штетните алтернативи, како IQOS, глобално најпознатиот бездимен уред од оваа категорија, ситуацијата е целосно поинаква. Тој функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева на температура до 350 степени. При консумацијата не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Научно е докажано дека во просек произведува 95 проценти помалку штетни состојки во однос на чадот на цигарите. Важно е да се напомене дека тоа нужно не значи и намалување на ризикот од 95 проценти.
Јаглерод моноксид и катран
Цигарите често се изедначуваат со една од најотровните супстанци – јаглерод моноксид. Имено, при пушењето цигари, јаглерод моноксидот останува неразграден во организмот и лесно се врзува за хемоглобинот, бидејќи има 200 пати поголема способност за врзување за хемоглобинот од кислородот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки. Бидејќи при консумацијата не согорува, туку го загрева тутунот, овој уред не произведува ни катран, туку аеросолен остаток. Овој остаток содржи значително пониски нивоа на штетни состојки, додека активните пушачи по долгогодишниот стаж во организмот можат да имаат дури 500 грама наталожен катран.

А што вели науката?
Подобрите алтернативи дефинитивно прават разлика во однос на класичните цигари. А дали овие клучни разлики се и научно докажани? Научниците секојдневно работат на различни испитувања за да го забрзаат намалувањето на последиците кои го носи пушењето. Конкретно, на процесот на истражување и развој на IQOS уредите работат повеќе од 400 научници и експерти со различни експертизи повеќе од 10 години. Американската агенција за храна и лекови (FDA) минатата година се согласи дека се работи за производ со модификуван ризик, а во образложението се наведува дека изложеноста на штетни материјали при користење на оваа алтернатива е значајно намалена во однос на пушењето класични цигари. Сепак, важно е да се напомене, дека иако е подобра опција, таа не е без ризик и ослободува никотин, кој предизвикува зависност.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

