Забава
Ракот ѝ се прошири и на коските на актерката: „Сакам да живеам!“

Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата во „Беверли Хилс“, во една искрена исповед проговори за ракот, кој моментно ѝ е во 4-та фаза.
Таа призна дека ракот се проширил и сега, освен на дојката, го има и на коските, а причината за нејзината исповед е да ги инспирира луѓето од целиот свет бидејќи со сите сили се бори за животот.
„Сè уште сакам да живеам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не завршив со ‘се надевам дека ги менувам работите на подобро’“, рече таа, а потоа додаде:
„Едноставно, не, не завршив“.
Нејзиното осумгодишно патување со ракот ја натера да размислува за големата слика на својот живот, како и за темата што ќе ја истражува во својот поткаст во стилот на мемоари, „Ајде да бидеме на чисто со Шанон Доерти“, премиерно прикажан на 6 декември на HeartRadio.
Таа во оваа пригода ќе зборува за врските и за кариерата, но и за многуте фази од болеста, пренесува „Пипл“.
Инаку, во јуни актерката сподели дека ракот се проширил и на мозокот, но туморот бргу бил отстранет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.